Европа
Казнев нов премиер на Франција откако Валс поднесе оставка

Досегашниот француски министер за внатрешни работи Бернар Казнев е поставен за премиер на Франција, откако Мануел Валс поднесе оставка на функцијата, јавува AFP.
„Казнев е силна личност со искуство во водењето на државните работи“, соопштиле од Елисејската палата, пренесува Reuters. Казнев ќе ја извршува должноста до парламентарните избори во јуни следната година, а претседателските избори се предвидени за април 2017-та година.
Досегашниот премиер Мануел Валс поднесе оставка во понеделник за да може да се кандидира за претседателските избори. „Кандидат сум за претседател на Републиката“, рекол Валс во обраќање до јавноста.
„Тоа го соопштувам овде во Еври, својот град, градот на мојата фамилја, моите деца, моето срце… каде што секогаш се договори директно и искрено. Овој град е животна школа“, рекол Валс, обраќајќи се пред неговите сограѓани во Еври, каде од 2001-та до 2012-та година ја извршуваше функцијата градоначалник.
Француските социјалисти ќе организираат внатрепартиски избори за претседателски кандидат во јануари, а претседателот на социјалистите Франсоа Оланд неодамна изјави дека нема да бара втор мандат.
Поранешниот министер за економија Арно Монтбур прв ја поднесе својата кандидатура за внатрепартиските избори кои се предвидени меѓу 22-ри и 29-ти јануари, додека останатите кандидати имаат рок до 15-ти декември да го направат тоа. Според француската јавност, главни фаворити на претседателските избори ќе бидат кандидатите на десницата и крајната десница – Франсоа Фијон и Марин Ле Пен./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.