Европа
Киев и бунтовниците договориле подигнување на телата на загинатите во несреќата на авионот
Украинските власти се договориле со претставниците на самопрогласената Народна Република Донецк за извлекување на телата на загинатите во несреќата на малезискиот авион „Boeing 777“, според соопштението објавено на порталот на владата на Украина, кое се повикува на вицепремиерот Владимир Гројсман.
„Постигната е начелна согласност со оние коишто ја контролираат територијата на падот на авионот, за подигнување на телата“, изјавил Гројсман.Според него , според договорот, украинските стручњаци заедно со набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе ги земат телата на настраданите со специјалните возила. Притоа, вицепремиерот на украинската влада потврдува дека потрагата е сложена поради притисокот врз експертите од страна на проруските бунтовници. Од своја страна, пак, челниците на ткн народна милиција на Донецк изјавуваат дека киевските власти не им дозволуваат на меѓународните експерти да дојдат до местото на трагедијата продолжувајќи со воената операција. Во четвртокот, 17-ти јули, во источна Украина во областа на Донецк на 60 километри од руската граница се урна авионот „Boeing 777“ на малезиската воздухопловна компанија на летот MН17 од Амстердам до Куала Лумпур, со вкупно 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои 85 деца. Украинските власти и Западот ги обвинуваа проруските бунтовници дека го урнале авионот со помош на Русија, додека Москва вината на за трагедијата ја префрла врз Киев.Досега, според Државната служба за вонредни ситуации на Украина, пронајдени се 196 тела на настраданите. Се истакнува и дека радиусот на теренот на кој се врши пребарувањето се врши на 34 квадратни километри, во источниот дел на Донецката област на границата со Луганската. Досега, според истиот извор, истражителите пребарале 32 квадратни километри.Владата на Украина повика во истрагата за падот на авионот да учествуваат претставници на владите на Малезија и Холандија, на Европската комисија, на американската компанија „Boeing“, на Меѓународната организација за безбедност во цивилната авијација (ICAO), американскиот Национален совет за безбедност во сообраќајот (NTSB) и Европската организација за безбедност во воздухопловството (Eurocontrol). Меѓународната организација за криминалистичка полиција (Интерпол) и полициската служба на Европската унија (Европол), исто така, најавија дека ќе испратат свои претставници на местото на несреќата. /крја/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

