Европа
Киев и бунтовниците потпишаа договор за повлекување на тешкото вооружување
Прозападните власти во Киев и проруските бунтовници од истокот на Украина потпишаа договор за повлекување на тешкото вооружување од линијата на раздвојувањето, пренесуваат агенциите повикувајќи се на високи претставници на двете страни.
„Потпишани се документи кои ќе овозможат почеток на повлекувањето на тешкото оружје по целата должина на фронтот“, изјавил генералот Олександар Розмазнин. Иако според некои украински медиуми пишуваат дека повлекувањето може да започне веќе во неделата, Розмазнин за AFP оценил дека за тоа е сé уште рано да се зборува.
Заменикот командант на бунтовничките сили од самопрогласената ткн „народна република“ Донецк, Едуард Басурин, изјави дека „Планот е потпишан ноќеска…“, додавајќи дека бунтовниците од неделата започнале да го повлекуваат споменатото оружје за што според договорот имаат две седмици, пренесе агенцијата Интерфакс.
Портпаролот на украинските сили коишто ја спроведуваат операцијата во источна Украина, Андриј Лисенко, во телефонски разговор за агенцијата изјавил дека сé уште не потврдено дека бунтовниците започнале да го повлекуваат своето оружје.
Басурин за агенцијата РИА Новости појаснил дека во овој процес претставниците на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) нема да го го фиксираат постоењето на таквото оружје, туку имаат намера да ги посетуваат областите во кои не смее да има тешко вооружување.
„Самиот процес на повлекување набљудувачите на ОБСЕ се откажаа да го следат, тие ќе ги посетат областите каде што, во согласност со договорот, тешкото вооружување не смее да биде стационирано и ќе проверат дали таквата опрема ја има таму или не“, рекол Басурин.
Претходно во неделата заменикот шеф на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ за Украина, Александр Хуг, изјави дека ОБСЕ бара од страните во конфликтот во Донбас без одлагање да обезбедат информации во врска со моменталните позиции на тешкото вооружување. Според него, завојуваните страни сé уште не ги доставиле „пописот на тешкото оружје, правците и местата, каде тоа ќе биде дислоцирано“.
Повлекувањето на оружјето е предвидено со мировниот договор Минск од 12-ти, а беше предвидено и со претходниот договор од почетокот на ланскиот септември, исто така, постигнат во белоруската престолнина.
Станува збор за трет чекор од сеопфатниот договор за постигнување мир на истокот од Украина, по прекинот на огнот кој настапи на полноќ на 15-ти февраури, и замената на заробениците од двете страни, и требаше да започне всушност пред неколку дена, но беше одложено поради борбите за Дебалцево. Последните два дена извештаите говорат дека оружјето речиси е стивнато на поголемиот дел од боиштето.
Според договорот, двете страни треба да го повлечат целото тешко вооружување, во зависност од калибарот на 30 до 70 километри од линијата на раздвојувањето, со што би се создала тампон зона меѓу завојуваните страни којашто според првичниот договор од септември траба да изнесува најмалку 30 километри во длабочина на секоја од страните./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

