Европа
Киев и Донецк договорија прекин на огнот и демилитаризирана зона, украинската армија уште гранатира
Претставници на прозападните власти во Киев и на проруските бунтовници од истокот на Украина потпишаа во саботата, во белоруската престолнина Минск во рамките на мировните преговори, меморандум со кој се воведува прекин на огнот и се воспоставува демилитаризирана зона од 30 километри. Меѓутоа, центарот на проруските бунтовници Донецк во саботата претпладне сé уште е под силен артилериски оган.
Претставници на прозападните власти во Киев и на проруските бунтовници од истокот на Украина потпишаа во саботата, во белоруската престолнина Минск во рамките на мировните преговори, меморандум со кој се воведува прекин на огнот и се воспоставува демилитаризирана зона од 30 километри. Меѓутоа, центарот на проруските бунтовници Донецк во саботата претпладне сé уште е под силен артилериски оган.
По завршувањето на седумчасовните преговори, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, кој ги претставува властите во Киев, на состанокот на Контактната група која започна со работа во петокот и во која покрај него се и претставници на Русија и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), најави потпишување на меморандум од девет точки со кој одново се предвидува прекин на огнот и повлекување за 15 километри од сегашните позиции на тешката артилерија од двете страни по „линијата на контактот“.
„Тоа ќе претставува можност за се воспостави зона на прекин на огнот од најмалку 30 километри во широчина“, додаде Леонид Кучма кој од петокот попладне водеше преговори со амбасадорот на Русија во Украина, Михаил Зурабов, и со претставничката на ОБСЕ, Хајди Таљивиани, како и со претставниците на побунетите источноукраински региони Донецк и Луганск, пренесува AFP.
Завојуваните страни се согласиле да не користат тешко вооружување во населените места и да се забрана за дејствување на украинската борбена авијација и беспилотните летала да ги прелетуваат зоните на безбедност кои ќе бидат под контрола на ОБСЕ, појасни Кучма.
Меморандумот, исто така, предвидува, „сите вооружени групи, воената опрема, борците и платениците“ да не продираат во таа зона“.
„Би требало да се воспостави зона на целосна безбедност“, изјави Игор Плотницки, претставникот на самопрогласената Народна Република Луганск, додавајќи дека за специјалниот статус на Луганск и Донецк, кои се под контрола на ткн милиции на рускојазичното население во овие региони, сé уште не се разговарало.
Агенцијата РИА Новости јавува, повикувајќи се на очевидци и видео материјал, дека во саботата претпладне и покрај потпишаното примирје, центарот на градот Донецк е под силен артилериски оган од страна на украинската армија. Покрај, артилериски оган, се користи и оружје со голем калибар, а населби од главниот центар на побуната против властите во Киев е гаѓан и со ракетни системи „Град“, јавуваат жителите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

