Европа
Киев и Вашингтон започнаа воени вежби во источна Украина

Украина и САД започнаа во понеделникот сеопфатни воени вежби во источниот дел од земјата, во кој учествуваат сили на уште шеснаесет земји, која има цел да ја демонстрира западната поддршка за воената операција во која за повеќе од една година загинаа над 6.500 луѓе на прозападните власти во Киев против рускојазичните бунтовници.
Вежбите чиј почеток беше свечено одбележан во градот Л’вов, во близина на границата со Полска, ќе се одржуваат до 31-ви јули, а во нив учествуваат 2.000 војници од Украина, САД, Велика Британија, Полска, Норвешка, Азербејџан, Молдавија, Литванија, Латвија, Норвешка, Романија, Шпанија…
„Овие заеднички маневри треба да ја покажат широката поддршка за Украина и за нејзината борба за слобода и суверенитет“, изјави командантот на украинските вооружени сили Олександер Сивак.
Американскиот командант, полковникот Алфред Рензи, изјави дека „заедничките сили на 18-те земји во следните две седмици ќе соработуваат како една заедничка сила за да се гарантира безбедноста на регионот“.
Во вежбите ќе бидат вклучени тенкови и американски хеликоптери ќе бидат присутни во област за која аналитичарите и претходно претпоставуваа дека ќе предизвика реакција од Руската.
Веднаш во понеделникот руското министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое, меѓу другото, се истакнува дека станува збор за „очигледната демонстрација на провокативната политика на НАТО за безусловна поддршка на сегашните политики што ги спроведуваат властите во Киев во југоисточна Украина, чиј резултат е секојдневното гинење на цивили“.
Руската дипломатија, исто така, оценува дека и покрај декларативноста на Алијансата за придржување до мировниот договор од Минск, „во НАТО не се подготвени да ги признаат погрешноста и можните ескалирачки последици од оваа вежба, којашто е значително поголема по обем и според бројот на војниците, во споредба со сличната одржана минатата година“./крај/мф/сн
Извор: Reuters/TАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин