Европа
Командант на НАТО: На Балтик во моментов не му се заканува руски напад

НАТО не размислува за трупање воени сили во источна Европа и на Балтик надвор од постојните планови поради тоа што, и покрај загриженоста на некои балтички земји, не постои вистинска закана од Русија, изјави воениот челник на Алијансата во понеделникот.
НАТО не размислува за трупање воени сили во источна Европа и на Балтик надвор од постојните планови поради тоа што, и покрај загриженоста на некои балтички земји, не постои вистинска закана од Русија, изјави воениот челник на Алијансата во понеделникот.
Литванија, Латвија и Естонија, во кои живеат значителни руски и рускојазични заедници кои не ги уживаат сите граѓански права, се гледаат себеси како прва линија на можен судир со Русија и ги ставија своите сили во борбена подготвеност, а НАТО планира испраќање нови сили во Полска и во тие три балтички земји.
Четири баталјони, со по илјади војници, се дел од превентивните сили кои ќе бидат одобрени на самитот во Варшава на 8-ми јули. Со тоа НАТО се надева дека ќе ја обесхрабри Русија да презема чекори за какво што ја обвинува дека направила во Украина со полуостровот Крим.
Генералот Петр Павел, кој претседава со воениот комитет на НАТО, изјави дека баталјоните повеќе ќе служат за политичка отколку за воена превентива, Во овој момент не се потребни поголеми сили, смета Павел.
„Не се размислува за испраќање значителни воени сили. Целта на НАТО не е создавање воени бариери против широка руска агресија поради тоа што таа во моментов не е во план и ниедна разузнавачка процена тоа не го покажува. Сепак, и покај тоа, руската закана не смее да се отфрли“, заклучи генералот Павел на прес-конференцијата.
Балтичките држави и нивниот јужен сосед Полска стравуваат дека плановите на НАТО се само симболички и премали за одбивање на некаков си руски напад, и сакаат софистициран противракетен штит за одбрана на регионот. Но со тоа стануваат потенцијална цел на руските стратешки ракетни комплекси.
Генералот Павел уште рече дека секој обид на „руска агресија кој би ги користел методите како оние на Крим“ не би бил дозволен, и дека на тоа НАТО колективно би одговорил./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин