Европа
Командата на НАТО ќе биде привремено преместена во Романија

НАТО во јуни привремено ќе ја премести Командата на здружените сојузнички сили од Наполи во Чинчу, централна Романија, соопшти врховниот командант на НАТО, Марк Фергусон, пренесуваат светските агенции.
Командата ќе биде преместена дванаесет дена во јуни, со цел да се пружи помош на вежбата на НАТО, во која ќе учествуваат илјада војници од 21 држава членка на НАТО, изјавил Фергусон.
Чинчу е најголемиот воен полигон во Романија и се наоѓа на околу 180 километри северозападно од Букурешт.
„Ова ќе биде првпат седиштето на Командата на здружените сили на НАТО да се наоѓа во Романија“, рекол Ферусон, пренесува AP.
НАТО истовремено ќе спроведе вежби во Полска, балтичките земји и во Балтичкото Море./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална Москва не одговорила на понудата.
„Понудата на Украина за прекин на непријателствата и воспоставување прекин на огнот од најмалку 30 дена останува на сила. Ние не го повлекуваме овој предлог, кој би можел да ѝ даде шанса на дипломатијата“, рече Зеленски во редовното вечерно обраќање на платформата Икс.
Тој додаде дека „апсолутно е фер што руското небо, небото на агресорот, денес не е мирно“, признавајќи дека Украина извршува напади со беспилотни летала врз цели на територијата на Руската Федерација, според Ројтерс.
Зеленски зборуваше неколку часа пред да стапи во сила тридневниот прекин на огнот предложен од Русија за одбележување на годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Европа
Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Конклавите се состаноци на кардиналското собрание на Римокатоличката црква со цел избор на нов епископ на Рим, односно папа, и се најстариот метод за избор на поглавар на институција во светот. Конклавите (од латинскиот cum clave – со клуч) во форма слична на денешната беа основани во 1274 година со декрет на папата Григориј X.
Поттикнат од долгата историја на политичко мешање во изборот на папи и долгите периоди на седисваканција (слободно место на римскиот епископ), тој одлучил дека кардиналските изборници мора да се изолираат, да се заклучат и да не им биде дозволено да заминат додека не изберат нов поглавар.
Папата Павле VI во 1970 година пропиша дека само кардинали помлади од 80 години може да учествуваат на конклави, а тие мора да се свикаат не порано од 15 и не подоцна од 20 дена по смртта на папата или неговото откажување од функцијата. За избор на нов папа потребни се две третини од гласовите и негова согласност.
Од 1846 година конклавите без исклучок се одржуваат во Сикстинската капела, најпознатата од капелите на Апостолската палата, позната по својата архитектура и фрески од ренесансните мајстори Микеланџело, Ботичели и други на ѕидовите и на таванот. Кардиналите гласаат во Сикстинската капела за време на конклавите, но се сместени во блискиот Дом на Света Марта за време на нивното траење.
За време на конклавата, сите радио-, телевизиски и телефонски врски се прекинати бидејќи кардиналите мора да бидат изолирани од надворешниот свет и од можните влијанија врз нивните одлуки.
На првиот ден од конклавата кардиналите гласаат само еднаш, а во следните денови двапати наутро и двапати попладне. Доколку нема резултати и по три дена, гласањето се одложува за максимум еден ден, кој е посветен на молитва, состаноци, размислување и духовна обнова. Оваа постапка се повторува ако има седум нови круга на гласање, без избор на папа.
Во првиот круг се подготвуваат и дистрибуираат гласачки ливчиња, а имињата на деветте кардинали што ќе учествуваат во процесот се извлекуваат со ждрепка. Тројца се бројачи на гласови, тројца се infirmari (задолжени за собирање гласови од болни кардинали) и тројца се ревизори.
Гласачките ливчиња се правоаголни, со зборовите Eligo in Summum Pontificem („За врховен свештеник го избирам“) напишани на врвот, а на дното има простор за името, кое мора да биде јасно напишано со печатни букви.
Кардиналите ги оставаат гласачките ливчиња во посебен сад во облик на урна поставен во олтарот на Сикстинската капела.
Кога сите кардинали ќе завршат со гласањето, бројачите првин проверуваат дали бројот на гласачки ливчиња е еднаков на бројот на избирачи. Ако тоа е во ред, продолжуваме со броење на гласовите. Првите два бројача го читаат името тивко, а третиот го чита на глас, а потоа со игла го прободува зборот eligo на хартијата за да се избегне двојно броење. Ревизорите контролираат сè.
Употребените гласачки ливчиња се горат по единственото гласање на првиот ден од конклавата, а потоа по секои два завршени круга гласање (наутро и попладне) во наредните денови. Меѓутоа, ако папата е избран, гласачките ливчиња веднаш се горат (како во случајот со Бенедикт XVI, кој беше избран на првото попладневно гласање на вториот ден од конклавата).
За оваа пригода, во Сикстинската капела се инсталирани специјална печка, како и оџак. За да се информира јавноста на плоштадот Свети Петар и од целиот свет дали папата е избран, при горењето на гласачките ливчиња се додаваат специјални хемикалии, кои го претвораат чадот во црн (доколку не се постигне двотретинско мнозинство) или бел (доколку папата е избран).
Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“