Европа
Корбин убедливо избран на чело на британските лабуристи
Радикалниот левичар Џереми Корбин во саботата повторно е избран за претседател на британската Лабуристичка партија и покрај недовербата во врвот на оваа најголема опозициска партија во земјата, покажуваат официјалните резултати од конгресот на партијата кој се одржува во Ливерпул.
Радикалниот левичар Џереми Корбин во саботата повторно е избран за претседател на британската Лабуристичка партија и покрај недовербата во врвот на оваа најголема опозициска партија во земјата, покажуваат официјалните резултати од конгресот на партијата кој се одржува во Ливерпул.
Со 61,8 отсто од гласовите на делегатите, 67-годишниот Џереми Корбин надмоќно го победи единствениот противкандидат 46-годишниот Овен Смит, речиси непознат пратеник од Велс, кој освои 38,2 отсто од гласовите на речиси половина милион делегати.
Британските медиуми истакнуваат дека овој резултат на Корбин е подобар од оној во минатата 2015 година, кога освои 59,5 отсто доверба од партиските ативисти, и е четвртиот според процентот освоени гласови во кога се бирал челник на Лабуристичката партија последните три ипол децении.
Според аналитичарите, очекуваната победа на Корбин, благодарејќи на големата поддршка во партиското членство но спротивно на волјата на партискиот врв, ќе ја продолжи кризата во којашто партија западна пред една година.
„Изборите се возбудлива работа и неретко жалиме поради некои работи кои ќе ги кажеме во жарот на расправите. Многу повеќе работи нé поврзуваат, отколку што нé делат. Што се однесува до мене, да заборавиме сé што се случи и од денеска да започнеме заеднички да работиме во партијата“, порача Корбин.
Аналитичарите пред партиските избори оценија дека враќањето на почетната состојба непобитно ќе ја продолжи кризата со којашто Лабуристичката партија се соочува откако конзервативците победија на парламентарните избори во 2015 година, што би можело да го загрози и самото постоење на партијата.
Проблемот, всушност, е нерешлив, бидејќи колку и Корбин да има поддршка кај партиските активисти, толку не му е наклонет поголемиот дел од пратениците и врвот на партијата. Овие сметаат дека партијата ја завлекува премногу налево за да може таа да се врати на власт.
Поделбата во партијата дополнително се вжешти кога на 23-ти јуни годинава британските избирачи на референдумот изгласаа Велика Британија да ја напушти Европската унија. Огорчени и обвинувајќи го Корбин за пасивност во референдумската кампања, лабуристичките пратеници му изгласаа недоверба со големо мнозинство, со 172 од 230 гласови. Покрај, тоа и дваесетина членови на лабуристичката партија во сенка поднесоа оставки за да го изразат своето незадоволство./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

