Европа
Курц: Државите мора да преземаат мерки додека ЕУ не најде решение за мигрантската криза
Државите мораат да преземаат свои мерки се додека Европа не пронајде заедничко решение за мигрантската криза, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во средата во Виена пред почетокот на министерската конференција за мигрантската криза на која присуствуваат министрите за внатрешни и за надворешни работи, односно нивните помошници од десет земи од ткн балканска бегалска рута, вклучително и од Македонија.
„Додека ЕУ не принајде заедничко решени за мигрантската криза, мораме да преземаме национални мерки за да се запре преголемиот прилив на имигрантите по должината на балканската рута кон Европа“, изјави за новинарите шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.
Додаде дека поради тоа е потребен регионален договор со земјите по должината на ткн балаканска рута. Австрија претходно воведе лимит на дневно прифаќање на мигрантите што се спроведува од минатиот петок, а кој се одразува врз овие земји.
„Нашата цел е јасна и натаму сме подготвени да бидеме солидарни, да ги прифатиме бегалците, но поставивме лимит за прифаќање до 37.500 азиланти годишно“, потсети Курц и додаде дека во Европа не недостигаат конференции за мигрантската криза, туку политичка волја за нејзиното решавање.
Одговарајќи на критиките од Грција за оваа австриска иницијатива, бидејќи не е повикана на состанокот, Курц одговори дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан пред неколку седмици во Амстердам, Грција не покажала подготвеноста да го редуцира испраќањето на мигрантите кон централна Европа, туку дека нејзини интерес бил што поскоро да ги транспортира натаму, како и дека таквата политика натаму не може да се спроведува.
„Европа е пред еден од најголемите предизвици од Втората светска војна. Сите веруваме дека во европското заедничко решение, но дека нема да мораме да ги спроведуваме националните и регионалните мерки кои сакаме да ги спроведеме заедно со државите на балканската рута за да се запре големиот прилив бегалци“, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер.
Целта на конференцијата е да се усогласат ставовите и договор околу актуелните миграциски предизвици на балканската рута, а според достапните извори на состанокот се очекува и заедничка декларација.
Виенската конференција за мигрантската криза заедно ја организираа австриските министерствата за внатрешни надворешни работи./крај/мф/сн
Извор: АPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

