Европа
Курц: Нема распределба на бегалците без запирање на миграцијата
Некои земји членки на европската унија нема да почнат да примаат бегалци доколку значително не се намали нивниот прилив, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во разговор за агенцијата DPA во саботата, во пресрет на самитот ЕУ-Турција посветен на миграцијата кој ќе се одржи следната седмица.
„Мора на сите да им биде јасно дека бројот на бегалците коишто доаѓаат во Европа многу брзо ќе се намали доколку ги запреме во Грција“, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц бранејќи ја острата политика на Виена во поглед на заострената контрола над бегалците и кон балканските земји поради што околу 13.000 мигранти во саботата се блокирани во Грција на границата со Македонија.
Курц вели дека е охрабрен од повикот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до потенцијалните економски имигранти да се останат во своите земји, како и од неодамнешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во која се изјасни против продолжувањето на испраќањето на бегалците по миграциската рута од Грција во западна Европа.
„Тоа се политики коишто конечно упатуваат на вистинската насока“, оценува министерот за надворешни работи на Австрија.
„Во среднорочен период, земјите кои во моментов се противат на прераспределбата би можеле да станат подготвени да примат бегалци. Меѓутоа, таквата распределба не е реално сé додека приливот е толку висок и дека земјите се свесни дека политиката на пропуштање на мигрантите резултира со се поголем и поголем број доаѓања“, истакнува Курц во интервјуто за DPA.
Тој ја отфрла загриженоста дека австриските ограничувања на границата и мерките коишто ги преземаат земјите од ткн балканска бегалска рута како реакција на тоа би можеле да предизвикаат криза во Грција, бидејќи имигрантите и бегалците останаа таму блокирани.
„Вистина е дека во Грција сега има само 25.000 мигранти, Тоа е околу четвртина од нивниот број во Австрија“, вели Курц.
Австрија во текот на минатата 2015 година примила повеќе од 90.000 мигранти, но последните месеци ја промени политиката, тврдејќи дека се неопходни национални погранични мерки во недостиг од заедничка политика на ЕУ за распределбата на бегалците.
Курц изјави пред самитот во понеделникот дека не само што се надева дека приливот од Грција мора да запре, туку и дека соработката со Турција и помошта на сириските бегалци на Блискиот исток може да бидат дополнителни елементи во политичкиот пакет за решавањето на мигрантската криза во Европа./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

