Европа
Курдските демонстранти упаднаа во Европскиот парламент

Стотина курдски демонстранти упаднаа во вторникот во седиштето на Европскиот парламент за да предупредат на нападите од страна на џихадистите од Исламската држава врз курдскиот грд Кобане во Сирија, стратешки важен на самата граница со Турција, пренесуваат агенциите.
Стотина курдски демонстранти упаднаа во вторникот во седиштето на Европскиот парламент за да предупредат на нападите од страна на џихадистите од Исламската држава врз курдскиот грд Кобане во Сирија, стратешки важен на самата граница со Турција, пренесуваат агенциите.
Демонстрантите успеале да го изненадат обезбедувањето на Европскиот парламент. Носејќи знамиња и потрети на секурдскиот лидер Абрудлах Очалан кој на остров крај Истанбул издржува доживотна затворска казна со која под притисок на меѓународната јавност му беше заменета смртната пресуда, влегле во зградата, а набрзо им се обратиле неколку парламентарци. Делегацијата на курдските демонстранти ја прими и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Шулц рекол дека не го одобрува начинот на кој влегле во Парламентот, но истакна дека Европскиот парламент ги поддржува напорите на меѓународната заедница во запирањето на Исламската држава. Ветил дека нивната порака ќе ја пренесе и до НАТО.
Демонстрантите потоа мирно ја напуштиле зградата на Европскиот парламент.
Претходно во вторникот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) објави дека нејзините активисти од теренот известиле дека џихадистите од Исламската држава претпладнето успеале да продрат во Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски) три населби од градот од каде над 180 илјади цивили пребегнаа во соседна Турција.
САД им доставуваат оружје на курдските борци кои во северен Ирак се борат со силите на Исламската држава, но нема разработена официјална политика во врска со поддршката на Курдите во соседната Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.