Европа
Лавров: Критиките на ЕУ за ‘црната листа’ се апсурдни

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделникот ја критикуваше апсурдноста на гневот на земјите од Европската унија во врска со „црната листа“ со коишто на 89 луѓе, политички и воени функционери од нејзините земји членки се прогласени за непожелни личности и им е забранет влезот во Русија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека мерките коишто ги одреди Москва се пропорционални и поблаги отколку едностраните санкции коишто ги дореди Европската унија со забрана на патување на нејзина територија и со замрзнување на имотите за 151 Русин и Украинец, за кои оцени дека се виновни за присоединувањето на Крим на Русија и за поддршка на рускојазичните бунтовници во источна Украина.
„Руските санкции се однесуваат на лицата коишто активно го поддржуваа државниот удар во Украина, по кој Русите во Украина се прогонети и дискриминирани“, појасни Лавров.
Европската унија и неколку земји членки, како Германија, Белгија, Холандија и Велика Британија го критикуваа списокот кој во петокот им е поделен на нивните амбасади во Москва, а руската страна го задржа правото да не ги објавува јавно имињата од него.
„Не сакавме да го следиме лошиот пример на ЕУ и да ги откриеме имињата, како што тоа го стори Брисел“, порача Лавров и истакна дека Москва не се обидува да предизвика скандал.
Вкупно има 89 имиња на поранешни шефови на влади, европратеници, високи функционери во секторите за одбрана, критикувачи на Русија.
Европската унија во саботата ја критикуваше мерката на Москва и ја оцени како „целосно арбитрарна и без правна основа“, непојаснувајќи зошто нејзината иста мерка е правно заснована./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.