Европа
Лавров не смета дека Русија губи во ‘битката за Европа’ со САД
Русија не ја губи „големата битка“ за влијание во Европа со Соединетите држави, изјави во саботата министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Америка сака да ја искористи сегашната ситуација економски да ја отцепи Европа од Русија и да издејствува за себе најповолни услови во контекстот на тековните преговори за формирањето на Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство“, смета шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.Тој истакна дека преговорите меѓу САД и Европската унија се водат веќе неколку години со многу дилеми од европска страна. „Европа доста долго упорно ги бранеше своите интереси. Според мислењето на Европејците, САД сакаа да си обезбедат несправедлив договор и предност. Сепак, сега овие напори се интензивираа, вклучително и во обидите да ѝ се наметнат на Европа испораките на американскиот течен природен гас (LNG) по цени коишто не можат да бидат конкурентни со цените за испораките на рускиот природен гас. Зад тоа, безусловно, стои економскиот интерес. Меѓутоа, огромна па дури и клучна улога играат геополитичките пресметки“, рече Лавров во интервјуто за телевизијата ТВ Центр.Одговарајќи на прашањето дали ја губат Русите Европа во борбата со Американците, шефот на руската дипломатија вели дека „не смета оти е така“. „Во моментов забележуваме преиспитување на таквата ситуација внатре во ЕУ. Многу зборува фактот што токму не најголемите и водечки земји во Европската унија отворено зборуваат за тоа дека политиката на санкции (против Русија) претставува ќорсокак и е контрапродуктивна“, истакна Лавров. Лавров изјави и дека политиката на санкции од страна на ЕУ против Русија за нејзината наводна улога во украинската криза „не може да трае долго, бидејќи во рамките на Европската унија сѐ уште се слушаат гласови на разумот кои посветуваат внимание на апсолутно парадоксалната ситуација кога на денот на потпишувањето на договорот за прекин на огнот (во источна Украина, 5-ти септември), ЕУ донесе одлука да му препорача на советот на амбасадорите на земјите членки во ЕУ, да подготви нова листа со санкции“.„Токму тој ден кога се оствари (примирјето), благодарејќи првенствено на иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин“, истакна Лавров./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

