Европа
Лавров: Одамна мина времето на зауздување на Русија
Продолжува линијата на воздржување на Русија, иако од таквата политика требаше одамна да се откаже и да замине во историјата, изјави во вторникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакнувајќи дека земјата во изминатата 2015 година играла клучна улога во светските настани, од вклучувањето во антитерористичката кампања во Сирија, посредувањето во долго очекуваните преговори меѓу сириската влада и опозиција, до нуклеарниот договор меѓу големите сили и Иран, но нејзината најсилна порака кон Западот дека не се согласува да биде казнувана поради својата независна надворешна политика.
„Продолжува инерцијата на обидите да се заузди Русија, иако таа таквата линија одамна требаше да биде ставена во архивите на историјата, продолжуваат обидите да се извлече еднострана полза и дури да бидеме казнети поради водење на независната надворешна политика (…) Подготвени сме на најконструктивна можна соработка со нашите западни партнери, вклучително и Европската унија и САД, но само и единствено на еднаква и двострано полезна основа, и под услов за меѓусебно немешање во внатрешните работи“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на редовната голема прес-конференција во Москва која беше онлајн пренесувана.
Според Лавров, како резултат на доследниот курс на руската надворешна политика зајакнала свеста за неопходноста од широка соработка за излез од кризните ситуации.
„Напата конзистентна политика, заедно со акумулирањето на познатите трошоци на конфронтирачката политика на некои од нашите партнери, заедно со проширувањето на проблемите во светот придонесе во текот на изминатата година за зголемување на сфаќањето кај сите во меѓународната заедница за безалтернативноста на широката соработка за заедничко барање излези од кризните ситуации“, рече Лавров истовремено признавајќи дека тоа „не е процес кој брзо се развива“.
Лавров го повтори руското спротиставување на американскиот противракетен штит на границите на Русија и ширењето на НАТО сé поблиску до руските граници, оценувајќи ја таквата политика како „дестабилизирачка и кусогледа“,
За мигрантската криза во Европската унија, Лавров изјави дека Русија е свесна за димензиите на кризата со којашто Унијата се соочува, истакнувајќи дека Москва е заинтересирана за силна ЕУ, и изрази надеж дека таа, Германија успешно ќе ја надмине моменталната кризна. „Само обединета Европска унија може да биде добар партнер, но решението на кризата не смее да оди на штета на нејзините членки“, истакна Лавров.
Притоа не заборави да спомене дека ништо помал предизвик за Брисел не претставува ниту можното излекување на Велика Британија од Унијата. А што се однесува до односите со Лондон, потврди дека британската истрага за смртта на поранешниот руски разузнавач Александр Литвинеко која го обвинува рускиот државен врв, „сериозно ќе ги комплицира“ односите меѓу двете земји.
На темата миграции, Лавров јасно порача дека Москва нема да ги прими назад бегалците кои преку Русија пристигнале во Норвешка, појаснувајќи дека под изговорот за посета на роднини или барање работа Русија ја искористиле како транзитна рута кон Норвешка. „Тоа значи дека намерно лажеле за целта на посетата на Руската Федерација и оттаму не ги сакаме тие лица назад во Русија“, кусо одговори Лавров.
Неизбежна тема беа односите со Украина и договорите од Минск, а Лавров порача дека неговата земја во 2016 година ќе продолжи да инсистира на „строга имплементација“ на документите потпишани во белоруската престолнина ланскиот февруари. „Не се применети сите одредби, особено оние кои се однесуваат на Киев за воспоставување директен дијалог со регионите Донецк и Луганск“, истакна шефот на руската дипломатија.
Москва останува приврзана на „мирољубивото решавање на внатрешната украинска криза“, порача Лавров но повторно истакна дека САД и ЕУ ја продолжуваат „неконструктивната, опасна политика на обиди за зауздување на Русија“, во што спаѓа и „утврдувањето“ на НАТО.
Говорејќи за Украина како „несигурна“ транзитна зона за извозот на рускиот гас во Европа, Лавров во прв план ја истакна Германија со којашто, како што рече, Русија води „интензивен дијалог“ и со којашто нема криза во односите, и одлучно порача дека украинската криза „не претставува никаква пречка“ за соработка со Германија на енергетски план
Лавров јасно алудираше на новиот проект „Северен тек 2“ со Германија, за кој реагираат јужните и централни членки на ЕУ, особено Полска и Италија, кои се незадоволни од тоа што Москва се повлече од проектот „Јужен тек“ кој требаше нив да ги снабдува со гас, по несогласувањата со Европската комисија од изговорот на Брисел за диверзификација на енергетските извори, но којашто под истите услови го дозволува градењето на гасоводот со кој ќе се удвојат капацитетите за испорака на руски гас во Германија. „Предложениот проект на гасоводот со Германија, Северен тек 2, би бил од позла и за Русија и за Европа“, смета Лавров.
Во врска со Сирија, Лавров на вторничната прес-конференција изјави дека рускиот ангажман придонел за „пресврт на ситуацијата“ во оваа блискоисточна земја, како и дека станало јасно кој ги поддржува терористите, кој се бори против нив, а кој ги користи за „еднострани, егоистични цели“. „Акциите на руската воена авијација чувствително помогнаа ситуацијата во Сирија да добие пресврт“, рече челникот на руската дипломатија.
Порача, исто така, дека е невозможно да се постигне мировниот договор за Сирија, без учество на Курдите во преговарачкиот процес. „Би било нечесно и контрапродуктивно да се изостават сириските Куерди од учеството во мировните преговори“, рече Лавров и притоа некои од учесниците во мировниот процес, кои не сакат да преговараат, ги карактеризираше како „каприциозни“.
Лавров демантираше, на новинарско прашање, дека Москва од сирискиот претседател Башар ал-Асад побарала да отстапи од должноста и дека му понудила политички азил. „На двете прашања одговорот е – не. Тоа не е точно. Никој не побарал политички азил, никој ништо слично не нудел“, рече Лавров.
Во контекстот на актуелната тема за борбата против тероризмот, укажа на јакнењето на сунитската џихадистичка група Исламска држава во Авганистан и предупреди дека нејзините борци се обучуваат во областа на кањонот Панкиси во Грузија, во близина на руската гранита./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

