Европа
Лавров: Русија не е заинтересирана за разгорување на конфликтот меѓу Грција и ЕУ

Русија не заинтересирана за разгорување на спорот меѓу Грција и Европската унија, бидејќи тоа е спротивно од интересите на Москва, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на маргините од самитот на земјите од форумот БРИКС во рускиот град Уфа.
„Спротивно од некои медиумски шпекулации, ние немаме никакво интерес да дотураме масло на огнот. Се обидуваат да нé обвинат дека сечкаме и радосно ги триеме рацете, гледајќи како Грција се кара со Брисел, Париз, со Берлин…. Тоа апсолутно не е така. Тоа е апсолутно извртување на нашите позиции, на нашите интереси“, истакнa шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров цитиран од агенцијата ТАСС.
Лавров додаде дека позицијата на Москва за споменатото прашање повеќепати претходно била јасно искажана од рускиот претседател Владимир Путин. „Таа се состои во тоа што ние сме заинтересирани за изнаоѓање заедничко прифатливо решение, што е можно поскоро за проблемот со грчкиот долг“, вели шефот на дипломатијата.
Потцртува дека Русија е заинтересирана за „силна, функционална, економски растечка ЕУ“. „Јасно е дека е тоа е невозможно да се стори, доколку во која и да е земја од Европската унија, почнат да се појавуваат симптомите од кризата во еврозоната. Оттаму, ние би сакале да биде најдено заемно прифатливо решение“, порача Лавров./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.