Европа
Лавров: Во Берлин постигнат само консензус за доставување на хуманитарната помош
Шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Украина, постигнаа консензус за испорака на конвојот со хуманитарната помош во југоисточна Украина, изјави во понеделникот рускито министер за надворешни работи, Сергеј Лавров сумирајќи ги четиристраните разговори водени вечерта и ноќта кон понеделникот во германската престолнина Берлин, но истакна и дека не е постигнат напредок околу примирјето или политичкото решение на конфликтот.
Шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Украина, постигнаа консензус за испорака на конвојот со хуманитарната помош во југоисточна Украина, изјави во понеделникот рускито министер за надворешни работи, Сергеј Лавров сумирајќи ги четиристраните разговори водени вечерта и ноќта кон понеделникот во германската престолнина Берлин, но истакна и дека не е постигнат напредок околу примирјето или политичкото решение на конфликтот.
„За голем број области за кои долго време водиме разговори е постигнат определен прогрес, во прв ред, тоа се однесува на конечното постигнување консензус во пола на доставувањето хуманитарна помош за населението во југоисточна Украина. Констатиравме, притоа, дека кога станува збор за руската иницијатива за испраќање на 300 камиони со хуманитарна помош, на крајот, сите прашања кои вештачки беа поставени, се повлечени. Сé е усогласено со украинската страна и со Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Се надевам дека таа помош наскоро ќе може да дојде до оние кои имаат потреба од неа“, изјави во понеделникот за медиумите рускито министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Меѓутоа, не можеме да известиме за позитивни резултати околу постигнувањето примирје, ниту решавањето на политичкиот процес. Го потврдивме нашиот став дека примирјето во југоисточна Украина треба да биде безусловно. Но нашите украински колеги продолжуваат на несреќа да поставуваат услови кои сé повеќе се нејасни, како на пример да се обезбеди непроодност на границата меѓу Русија и Украина“, изјави во Берлин Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека Мосвка нема ништо против амбициите на Киев да воспостави контрола на режимот на преминување на меѓусебната граница за тоа да се направи што поефикасно. Киев претходно предупреди дека ќе бидат потребни долги разговори „за излегување од ситуацијата статус кво“.
Шефовите на дипломатиите на четирите земји разговараа за „ситуацијата во Украина во сите нејзини видови посветувајќи им особено внимание на задачите со кои се сака да се прекинат воените дејствија и да се создадат услови за што побрз почетокот на процесот на политичко решение“, соопшти претходно руското министерство за надворешни работи.
По завршувањето на средбата, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека таа била „тешка“, но дека е постигнат „извесен напредок“. „Беа тоа тешки разговори, но верувам и се надева дека остваривме напредок во врска со некои прашања“, изјави Штајнмаер по петчасовниот разговор.
„Ние, како што се договоривме, прво ќе ги известиме нашите претседатели на влади и на држави во нашите престолнини, а потоа во понеделник или во вторник ќе се договориме како ќе ги продолжиме сегашните разговори. Целта и натаму е да се постигне примирје во Украина и да се спречат натамошни жртви“, порача Штајнмаер што се совпаѓа со изјавата на Лавров дека разговорите од неделата ќе бидат продолжени многу скоро. /крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

