Европа
Лепен смета дека Франција е ослабена со членството во ЕУ
Франција е ослабена за соочување со терористичката закана поради својата припадност на Европската унија, особено бидејќи не може самата да ја гарантира контролата на своите граници, изјави во вторникот претседателката на партијата од француската крајна десница Национален фронт (FN), Марин Лепен.
„Сочени со исламистичкиот фундаментализмот, Европската унија нé ослабува со наметнувањето на целосното отворање на границите и политиката на штедење поради којашто во Франција се на удар капацитетите на војската, полицијата и разузнавањето“, обвини европската пратеничка МАрин Лепен на прес-конференцијата во Европскиот парламент.
„Да имавме национални граници, веројатно би можеле да запреме многумина од оние коишто дојдоа на француската територија откако заминале да се борат во Сирија или да се увежбуваат во Јемен, каков што е случајот со најмалку еден фундаменталистички терорист убиен последните денови“, додаде Лепен алудирајќи на Саид Каши, еден од двајцата браќа извршители на масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo.
„Мора да можеме да ја сочуваме во рамките на нашиот суверенитет способноста за одлучување за тоа кој влегува и кој се задржува на нашата територија, бидејќи надзорот на надворешните граници на ЕУ е илузорен“, додаде челничката на Националниот фронт.
Лепен побра „итно да се примени губењето на правото на државјанство за некои граѓани со двојно државјанство кои заминале да се борат или на борбена обука во странство, за да не можат да се вратат на националната територија.
„Мерките наменети за спречување на луѓето да заминат (на боиштата на Блискиот исток – з.р.) немаат никаква смисла, треба да бидат спречени да се вратат“, додаде Лепен./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

