Европа
Лубитц му криел на лекарот дека и натаму лета, се информирал за самоубиства
Копилотот на германската воздухопловна компанија „Germanwings“ за кого постојат сомневања дека на 24-ти март во француските Алпи намерно го урнал авионот „Airbus A320“ со 150 патници и членови на екипажот, наводно ги лажел лекарите дека е на боледување, иако тогаш управувал со комерцијални воздухоплови, пишува германскиот печат, а истрага открива дека на интернет пребарувал страници за самоубиства.
Повикувајќи се на извори блиски на истрагата, германскиот дневен весник Bild пишува во четвртокот дека 28-годишниот копилот Андреас Лубитц побарал лекарска помош поради проблеми со видот, што претходно го споменаа и неговата поранешна девојка и некои од неговите пријатели. Иако на лекарите им рекол дека е пилот, и ја споменувал притоа компанијата „Germanwings“, Лубитц намерно затаил дека и натаму лета, иако поради својата здравствена состојба не смеел.
Доколку на лекарите им кажал дека уште лета, тие можеби би го нарушиле односот на доверба меѓу лекарот и пациентот, и би ја известиле неговата компанија, дека Лубитц е опасен за другите, пишува весникот.
Според документацијата во којашто увид имал весникот Bild, Лубитц кон крајот на 2014 година имал сообраќајна несреќа и се жалел на проблеми со видот. Меѓутоа, неговиот мотив на капетанот на летот од Барселона до Диселдорф да не му дозволи да се врати во пилотската кабина и дека, според сé судејќи, со умисла го урнал авионот, и натаму останува мистерија.
Од здравствениот картон на Лубитц било видливо дека тој земал лекови за „тежок облик на депресија, анксиозност и напади на паника“, како и средството за смирување „Lorаzepam“.
Германските истражни органи истовремено објавија дека Лубитц пред трагедијата извесно време на интернет барал податоци за безбедносниот механизам од вратата од пилотската кабина. Исто така, според нив, на интернет пребарувал и страници за самоубиства./крај/мф/сн
Извор: Bild
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

