Европа
Маргаљо: Време е да го вратиме Гибралтар

Шефот на шпанската дипломатија Хосе Мануел Гарсија Маргаљо оцени во петок дека неговата земја би требало да искористи најмногу што може од одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија(ЕУ) и да ги засили своите барања за суверенитет над Гибралтар, спорна територија, пренесува AP.
Маргаљо за радиото Onda Sero рече дека Шпанија повторно би требало да ја изнесе понудата за косуверенитет над Гибралтар, за повторно да стане шпанска територија.Според неговата оценка, гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ, иако за жалење, целосно ја менува панорамата кога станува збор за Гибралтар.„Се надевам дека идејата за заедничка формула на суверенитетот, или да бидам попрецизен, шпанско знаме на карпата, сега е многу поблиска“, рече Маргаљо.Тој додава дека што побрзо заврши разводот Велика Британија-ЕУ, договорите на ЕУ повеќе нема да се применуваат и Гибралтар ќе биде посматран како трета држава, надвор од заедничкиот пазар. Шпанија би требало да бара Гибралтар да биде исклучен од преговорите меѓу Британија и ЕУ и да се третира исклучиво како билатерално прашање со Шпанија, наведува Маргаљо.Гибралтар гласаше за останување на Велика Британија во ЕУ, а во голема мерка е зависен од Шпанија, кога станува збор за прометот на стоки и услуги.На Карпата се говори англиски и шпански јазик и илјадници Шпанци секој ден ја минуваат границата за да одат на работа.Шпанија го загуби суверенитетот над Гибралтар во 1713 година и од тогаш упорно се обидува да ја врати оваа територија. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин