Европа
Медиуми: Рускиот пилот бил убиен од борци на турска националистичка организација

Рускиот пилот кој се катапултирал откако неговиот авион „Су-24М“ во вторникот беше соборен на турско-сириската граница, бил убиен од припадниците на турската ултранационалистичка организација „Сиви Волци“ водена од Алпаслан Челик, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на воидеоматеријали објавени во турските медиуми.
На видео материјалот, пренесува агенцијата, се наведува дека споменатиот Алпаслан Челик и „неговите соборци пукаа врз пилотот откако авионот бил погоден од турскиот F-16“. Истовремено тие тврдат дека пронашле две тела на загинати пилоти, а не на еден.
Турските сили во вторникот вечерта објавија дека се сомневаат оти двајцата пилоти се живи и водат потрага по нив.
Руското министерство за одбрана во средата објави дека во спасувачка мисија на руските маринци и сириските специјалци од областите под контрола на туркменските бунтовници обил извлечен навигаторот на соборениот бомбардер Константин Мурхатин, додека пилотот Олег Пешков бил убиен додека атерирал со истрели од земја.
На интернет, исто така, бунтовниците поставија видео на кое беа прикажани борци собрани околу мртво тело на лице во пилотска униформа, кои извикуваат пофалби на Алах и жалат што не го запалиле телото.
Турски и западните медиуми објавија дека руските пилоти се приземјиле на територијата во Сирија којашто ја контролираат сириските Туркмени бунтовници кои се поддржувани и вооружувани од Турција. Претходните години во тамошните медиуми се појавуваа написи дека во спомената област дејствува групата на ултранационалистите „Сиви волци“ кои ги предводи Алпаслан Челик, државјанин на Турција, роден во градот Кебан. Познато е, исто така, дека тој е син на поранешниот градоначалник на овој град, Рамазан Челик. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.