Европа
Меркел ги признава грешките на Германија и ЕУ во врска со бегалската криза

Германија и другите земји од Европската унија предолго го игнорираа јакнењето на бегалската криза на надворешните граници на Унијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју коешто ќе биде објавено подоцна во средата.
„… Во Германија предолго го игнориравме тој проблем и ја блокиравме потребата за пронаоѓање паневропско решение“, вели германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел, која е соочена со остри критики во Германија поради усвојувањето на политиките на отворени врати за бегалците и имигрантите пред една година што резултираше со влегување на над милион баратели на азил само во текот на минатата 2015 година, исто така, вели за Sueddeutsche Zeitung дека Германија и Европската унија мора да бидат трпеливи и истрајни во соочувањето со миграцијата на луѓето во Европа.
Таа ова го коментираше во невообичаено самокритична анализа којашто временски се совпаѓа со годишнината од нејзината позната изјава „Ние тоа го можеме“ со којашто ја промовираше својата политика на добредојде кон барателите на азили, потсетува Reuters.
Вели дека Германија, којашто прими огромно мнозинство од бегалците од Блискиот исток и од Азија кои дојдоа на европскиот континент, ги пуштиле Шпанија и другите земји на надворешните граници на Европската унија, самите да го решаваат прашањето на бегалците.
„Тогаш, исто така, ја одбивме пропорционалната распределба на бегалците“, вели Меркел.
„Нему пристапивме на проблемот на соодветен начин“, вели германската канцеларка додавајќи дека тоа се однесува и на заштитата на надворешните граници на Шенгенската зона.
Меркел во продолжение предупредува и дека не смее да се изедначуваат сите имигранти со терористите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин