Европа
Меркел и Ердоган разговараа за напнатите односи по резолуцијата за ерменскиот геноцид

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се обидуваа во саботата да ги намалат тензиите со првите приватни разговори откако германскиот парламент изгласувајќи резолуција со којашто масакрот над Ерменците во Отоманското царство во 1915 година го квалификуваше како геноцид, го предизвика гневот на Анкара.
Претставници на двете страни изјавиле дека средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, одржана на маргините од самитот на НАТО во полската престолнина Варшава, траел подолго од предвидените 45 минути, пренесува Reuters.
„Разговаравме за сите отворени прашања. Атмосферата беше конструктивна … и многу деловна во напорите да ги решиме постојните несогласувања. Разликите не исчезнуваат туку така во дискусиите. Но верувам дека е важно што за нив разговаравме“, изјавила за новинарите Меркел по завршувањето на разговорот.
Ова беше прва средба на челници од двете земји откако на 2-ри јуни германскиот парламент ја донесе резолуцијата за геноцид врз Ерменците, по што Анкара го повлече својот амбасадор од Берлин и се закани со недефинирани одмазнички мерки. Турција подоцна одби да им дозволи пристап на германските параламентарци во воздухопловната база Инџирлик каде 250 германски војници во рамките на НАТО учествуваат во операциите против џихадистичката Исламска држава во Ирак и Сирија.
Меркел, според истиот извор, изразила задоволство од тоа што Турција се придржува до своето ветување дека ќе го запре приливот бегалци и мигранти преку Егејското Море во Грција, откако повеќе од милион минатата година пристигнаа во Германија, што сериозно се одрази врз нејзината поддршка меѓу гласачите и во нејзината партија.
Меркел и Ердоган разговарале и за разузнавачката соработка во борбата против Исламската држава.
Германските функционери одбиле да го коментираат состанокот меѓу двајцата државници./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин