Контакт

Европа

Меркел и Оланд ги повикуваат Порошенко и Путин на соработка

Објавено пред

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел „долго заедно разговараат во средата со рускиот и украинскиот челник, Владимир Путин односно Петро Порошенко и ги повикаа „на соработка за воспоставување примирје во Украина“, соопшти Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

„Ги примија на знаење првите потези на руските власти поради смирување на ситуацијата на истокот во Украина“, и го „повикаа рускиот и украинскиот претседател на соработка поради воспоставување механизам за надзор на примирјето со поддршка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)“, истакнува француското претседателство во соопштението за заедничкиот телефонски разговор на четворицата лидери.Покрај тоа, францускиот претседател и германската канцеларка ги повикале Путин и Порошенко да пристапат кон „ефикасно надгледување на руско-украинската граница“, и „побараа уапсените лица (од двете страни) да бидат што поскоро пуштени“. „Откако украинскиот претседател го објави планот за воспоставување на мир и примирје, Франсоа Оланд и Ангела Меркел ги примија на знаење првите чекори на руските власти за смирување на ситуацијата на истокот од Украина“, се истакнува уште во соопштението на Елисејската палата. Особено ја истакнале „одлуката што денес ја донесе Советот на руската Федерација за поништување на овластувањето за примена на сила коешто рускиот претседател го доби во март“. Холанд и Меркел „му дадоа поддршка на Порошенко за што побрзо да го спроведе мировниот план што го подготви“. Овој телефонски разговор е „дел од политичкиот процес започнат на средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател во Бонвил на 6-ти јуни“, кога се одбележуваше годишнината од сојузничкото истоварување во Нормандија, потсетува француското претседателство. Од друга страна Кремљ во врска со истиот телефонски разговор соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин повикал на продолжување на прекин на огнот во Украина, наложување на одржлив преговарачки процес и контрола на одржувањето на примирјето.„Во телефонскиот разговор на Путин со Порошенко, Оланд и Меркел беа разменети многу мислења за кризата во Украина“ и исто така била „нагласена потребата од одржување на примирјето и создавање услови за правилна контрола на прекинот на огнот“, соопшти службата за односи со јавноста на рускиот претседател.„Путин се зазема за продолжување на прекинот на огнот и воспоставување одржлив прекин на огнот“, додаваат од Кремљ. „Беше искажана убеденост, дека за деескалацијата на ситуацијата ќе придонесе и согласноста на Советот на Федерацијата (на барањето на Путин од вторникот) да ја повлече одлуката од 1-ви март за можноста да се употребат руските вооружени сили на украинската територија“, истакна Москва.Планот за постигнување мир на украинскиот претседател Петро Порошенко од минатиот петок се состои од 15 чекори, и предлага безбедносни гаранции за сите учесници во преговорите, ослободување од кривична одговорност на оние проруски борци кои ќе го положат оружјето и не извршиле сериозни злосторства, како и ослободување на заробениците. Покрај тоа, планот на Порошенко предвидува и одбележување 10-километарка тампон зона на украинско-руската граница, како и „повлекување на нелегалните вооружени групи создавање гарантиран коридор за излез на руски и украински платеници, разоружување…“./крај/мф/сн

Извор: AFP/РИА Новости

Европа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Објавено пред

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални гаранции за инвестиции. Планот беше презентиран вчера за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, додека европските лидери се обидуваат да испратат силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп за единството на континентот во поддршка на Украина, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Силната украинска одбранбена индустрија е од суштинско значење за одбраната од руска агресивна војна и е важен елемент на безбедносните гаранции за одвраќање на идната руска агресија“, според документ дистрибуиран за време на посетата на Зеленски, која следеше по продолжувањето на мировните разговори со американските претставници.

Зајакнување на одбранбената соработка
Според новиот план, Германија и Украина ќе соработуваат поблиску на истражувањето во одбраната, заедничките инвестиции и набавките. Како најголем европски поддржувач на Украина, Германија, исто така, размислува за користење на федерални гаранции за поттикнување инвестиции во одбранбената индустрија на Украина.

Конкретни чекори и иницијативи
Планот, исто така, предвидува испитување на можноста за заедничка набавка на одбранбена опрема произведена во Украина, особено беспилотни летала-пресретнувачи, за заштита на воздушниот простор на НАТО, како дел од европската иницијатива „Небесен штит“.

Со цел зајакнување на индустриските врски, во Берлин ќе се формира канцеларија за врска за украинската одбранбена индустрија наречена Ukraine Freedom House. Министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат редовни консултации на високо ниво, а Германија ќе го зголеми присуството на своите воени аташеа во Киев и ќе ја интензивира размената на експерти.

Во документот, исто така, се наведува дека Германија и Украина ќе преземат сеопфатни мерки за спречување на корупцијата. Овој потег е одговор на загриженоста на Западот по најголемиот корупциски скандал во Киев за време на војната, што доведе до оставка на двајца министри и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала

Објавено пред

Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.

Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.

Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.

Прикажи повеќе...

Европа

Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ

Објавено пред

Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).

Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).

Список на земји според примени бегалци од Украина:

  1. Германија – 1.229.960
  2. Полска – 965.005
  3. Чешка – 393.005
  4. Шпанија – 250.135
  5. Романија – 197.675
  6. Словачка – 137.600
  7. Холандија – 132.200
  8. Ирска – 117.805
  9. Белгија – 93.520
  10. Австрија – 90.340
  11. Норвешка – 82.590
  12. Финска – 77.335
  13. Бугарија – 75.255
  14. Швајцарија – 70.950
  15. Италија – 56.940
  16. Франција – 54.005
  17. Литванија – 50.600
  18. Шведска – 48.315
  19. Данска – 45.230
  20. Унгарија – 42.430
  21. Грција – 37.685
  22. Естонија – 34.965
  23. Латвија – 31.280
  24. Хрватска – 28.070
  25. Кипар – 24.755
  26. Словенија – 10.950
  27. Малта – 2.445
  28. Лихтенштајн – 845
Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет32 минути

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет41 минута

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа55 минути

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија11 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет11 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет14 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет14 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија20 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет21 час

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет23 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа24 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија24 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија2 дена

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...