Европа
Меркел, Оланд, Итингер и руски „Газпром“ го поздравија договорот за гас

Европската унија ќе помогне во спроведувањето на договорот потпишан ноќта кон петокот во Брисел со кој привремено е решен гасниот спор меѓу Украина и Русија, изјави во петокот француската претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, а еврокомесарот за енергетика Гинтер Итингер договорот го нарече прв чекор кон попуштање на тензиите меѓу двете земји, додека рускиот енергетски гигант „Газпром“ во петокот го поздрави „компромисот“ од Брисел за испорака на рускиот гас за Киев, истакнувајќи дека станува збор за јасна порака за Украинците за обврската да ги исплатат своите долгови.
Со договорот кој ќе важи до март 2015 година, а го потпишаа во четвртокот доцна ноќта во Брисел, рускиот и украинскиот министер за енергетика Александар Новак и Јуриј Продан, и европскиот комесар за енергетика Гинтер Итингер.
Според соопштението на Елисејската палата, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во текот на вечерта со претседателите, на Русија Владимир Путин и на Украина Петро Порошенко. Четворицата челници „ги поздравија заклучоците од преговорите водени со посредување на Европската унија“.
„Претседателот на Републиката и германската канцеларка нагласија дека ЕУ ќе одигра својата улога со здружување со партнерите (САД, членките на групата Г7 и Меѓународниот монетарен фонд – ММФ) поради олеснувањето на спроведувањето на склучениот договор“, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот на Франција.
Според договорот, Украина ќе го отплати долгот во износ од 3,10 милијарди долари во две транши, првата во висина од 1,45 милијарди до крајот на седмицава, а вториот од 1,64 милијарди долари до крајот на годинава. Договорот меѓу Русија и Украина „можеби е првиот чекор за олеснување на напнатоста меѓу двете земји“, изјави на прес-конференцијата по дводневните преговори во Брисел, изминатата ноќ Итингер во присуство на рускиот и украинскиот колега Новак и Продан.
„Станува збор за компромис, а ’Газпром’ покажа доволно флексибилност дека го направи тој договор можен. ’Газпром’ е и секогаш ќе биде доверлив снабдувач со гас за Европа“, соопшти портпаролот на руската компанија, Сергеј Купријанов.
„Договорот испраќа и јасна порака дека потпишаните спогодби мора да се почитуваат, а обврските за плаќања да се задоволат. Тоа, со малку среќа, е почеток на новото конструктивно поглавје на гасните односи меѓу ЕУ, Русија и Украина“, истакна Купријанов.
Со договорот е предвидено и цената за рускиот природен гас да биде за 100 долари пониска од претходната, односно да изнесува 385 долари за илјада кубни метри гас за време на целото траење на договорот кој важи од ноември до март 2015 година. Гасот ќе се плаќа однапред за секој месец за нарачано количество гас. Киев, кои има потреба од 4 милијарди кубни метри гас за споменатиот период, бараше гаранција дека нема да биде менувана цената на гасот за време на траење на договорот која ја доби./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.