Европа
Меркел скептична за разместувањето на НАТО во источна Европа
Во текот на посетата на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Рсмусен на Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел си претпазливост реагираше на повиците за трајно разместување на сојузничките сили во источноевропските држави поради стравот од руска одмазда за некои членки на Алијансата.
Дел од земјите, во прв ред балтичките коишто порано беа во составот на Советскиот сојуз се чувствуваат загрозени поради значајните руски и русофони малцинства на нивните територии, откако избувна кризата во Украина, и по присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим, каде што живее значително руско население, на Руската Федерација, што за земјите членки на НАТО претставува руска анексија на украинска територија.Како што пренесува порталот EurАktiv, германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен истакнала дека дел од сојузничките земји се чувствуваат загрозени и несигурни поради кризата во Украина и кршењето на територијалниот суверенитет.„Тоа најмногу се однесува на балтичките земји, но и на Полска. Офговорни сме за заедничката безбедност“, додала Меркел алудирајќи на членот 5 од Сверноатлантскиот договор, според кој напад врз земја членка на НАТО се смета за напад на Алијансата.„Разговаравме за фактот дека нема дилема оти Советот НАТО – Русија мора да остане на сила“, навласи германската канцеларка одговарајќи на прашање за трајното распоредување на сили на НАТО во источна Европа.Советот НАТО – Русија е основан 1997 година со што требаше да биде ставен крај на ривалството меѓу Русија и НАТО, но Москва бара гаранции дека Алијансата нема да гради воени бази во земјите на поранешниот Варшавски пакт кои влегоа во НАТО по распадот на Советскиот сојуз. Покрај инсталирањето на ткн американскиот антиракетен штит на границите со Русија, под изговор за заштита од интерконтинентални проектил од Блискиот исток, на пример, Москва како директна закана по својата безбедност и интереси го смета и воспоставувањето на бази на НАТО во речиси сите поранешни членки на Варшавскиот договор во источна Европа.„Тоа е воедно и рамка за оној вод помош којашто можеме да им ја пружиме на нашите партнери кога од нас ќе ја побараат. Во овој момент подготвени се воени спецификации, по што за нив можеме да разговараме“, изјави Меркел.Потсети дека Германија веќе учествува во воздушното набљудување. „Ќе разговараме и за тоа како, како Сојуз, можеме да ја подобриме безбедноста на нашите членки“, додала канцеларката. Расмусен во Берлин навести дека НАТО ќе ги зголеми бројот на воени маневри во земјите коишто чувствуваат руска закана. „Во таа смисла присутноста на Алијансата во тие земји е веќе видлива“, изјави генералниот секретар. Додаде дека особено Полска, од избувнувањето на украинската криза, побарала основање воени бази на нејзината територија, на што Москва се спротиставува ценејќи го овој потег како насочен против неа.„Ќе ги разгледаме можните натамошни чекори за долгорочно јакнење на нашата колективна безбедност. Тоа ќе доведе до можна ревизија на нашите одбранбени планови или потребата за развивање нови, до јакнење на воените вежби, а во одредени граници и до разместување на силите“, истакна Расмусен.Додаде дека таков „план на приправност“ ќе биде претставен и разгледуван на самитот на НАТО, во септември во Велс./крај/мф/сн
Извор: EurАktiv
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

