Европа
Меркел во Бундестагот ги повика европските челници на единство
Ден пред состанокот на Европскиот совет, германската канцеларка Ангела Меркел во парламентот – Бундестагот во средата го претстави владиниот став кој ќе го претстави на споменатиот самите во Брисел, и притоа ги повика челниците од Европската унија на единство во совладувањето на бегалската и другите кризи.
„Утрешниот состанок е етапа на патот кој Европа досега по секоја криза ја зајакнуваше. Се надевам дека тоа и во овој случај така ќе биде“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред германските пратеници алудирајќи на самитот на Европската унија кој во четврток и петок ќе се одржи во Брисел, а на кој теми ќе бидат мигрантската криза и договорот за останувањето на Велика Британија во ЕУ.
„Европската унија мора да се погрижи за тоа проблемите успешно да се решат, а Европа и сите членки на Европската унија да не бидат оштетени во текот на тој процес“, смета германската канцеларка.
Во врска со решавањето на мигрантската криза, Меркел го повтори својот став дека мора да им се пружи заштита на сите оние на коишто таа заштита им е потребна. „Оградувањето и херметичкото затворање не може и не смее да биде европско решение. Во тоа и натаму сум цврсто убедена“, им порача германската канцеларка обраќајќи има се на пратениците во Бундестагот.
Но таа и натаму смета дека најважната цел мора да биде намалување на бројот на бегалците. „Нашата заедничка цел е одржливо и чувствително да се намали бројот на бегалците, за да можеме и натаму да им помагаме на оние на коишто навистина им е потребна нашата помош“, рече Меркел. Притоа истакна дека треба да треба да се работи на функционирањето на европско-турски план за намалувањето на бројот на мигрантите.
„Самото посебе е разбирливо да ќе сторам сé што е во моја моќ да овој заедничките европско-турски успее, бидејќи со него може драстично да се намали илегалниот прилив на бегалци, што ја отвора вратата за легално прифаќање“, рече Меркел најавувајќи дека по самит ќе направи биланс на досегашната бегаласка политика.
Германската канцеларка истакна дека и натаму останува на трите цели: борбата против причините на кризите кои ги тераат луѓето да ги напуштаат своите домови, повторното воведување на контрола на турско-грчката граници и насочувањето и прилагодувањето на приливот на бегалците.
Меркел повторно ги отфрли барањата на Вишеградската група, за утврдување на евроспките граници на границите на Грција со Македонија и со Бугарија. „Ние во Европската унија мораме да се научиме и како да ги штитиме поморските граници“, заклучи германската канцеларка.
Таа ја бранеше и својата политика кон барателите на азил во Германија, поради којашто предизвика бранувања во нејзината коалиција и го намали нејзиниот углед во тамошната јавност.
„И покрај неповолните анкети, на прашањето дали е потребно на оние коишто во Германија бараат заштита од теророт, војната и прогонот, да им се даде засолниште, 90 отсто одговараат потврдно. Јас мислам дека тоа е нешто прекрасно“, заклучи канцеларката Меркел, којашто поради таквиот став е подложена на жестоки критики од дел од јавноста во Германија, но и во Европа./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

