Европа
Меркел задоволна како ЕУ ја решава мигрантската криза со Турција, пред изборите
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во вторникот дека работите се одвиваат во вистинска насока откако Европската унија постигнала нацрт договор со Турција за да се запре приливот на мигрантите во Европа, што претставува важно прашање пред изборите во германските сојузни држави во недела.
Договорот меѓу ЕУ и Турција претставува клучен знак за напредок за германската канцеалрка Ангела Меркел, која во земјата се сочува со отпор за постигнување на европски план за решавањето на кризата во текот на која во Германија влегле преки 1,1 милион баратели на азил во текот на минатата 2015 година.
„Севкупно гледајќи, работите се движат во вистинска насока“, изјави Меркел за јавното радио SWR, истовремено настојувајќи да ја смири загриженоста од впечатокот дека Турција ја уценува Европа. „Не. Бараме рамнотежа на интересите“, тврди германската канцеларка.
Челниците на земјите на ЕУ ја поздравија понудата на Турција да презема назад мигранти кои нелегално ќе минат во земјите членки за што ќе треба да примат соодветен број регистрирани сириски бегалци, и во принцип се согласија со нејзините барања за дополнителни три милијарди евра помош до 2018 година, укинување на визите за турските државјани во ЕУ во јуни годинава и забрзување на пристапните преговори, но договорот го одложија до самитот кој ќе се одржи на 17-ти и 18-ти март.
„Станува збор, во прв ред, за прашањето како на криумчарите на луѓе да им ја оневозможиме натамошната активност, а истовремено да ги исполниме нашите хуманитарни обврски“, реле Меркел. Додаде дека на самитот ЕУ-Турција се „дојде до чекор поблиску до тоа решение“.
На критиките за тоа дека ЕУ ги игнорира еклатантните кршења на човековите права во Турција со цел само за да постигне договор за мигрантите, Меркел го избегна директниот одговори и предупреди на многуте мигранти кои уште ги губат животите при обидот да го минат Средоземјето. „Спротивно на човековите права и луѓето да се доведуваат во ваква ситуација и затоа ќе се обидеме да отвориме легални патишта за загрозените“, рече Меркел и додаде дека само во јануари 320 луѓе загинале во Егејското Море.
Германската канцеларака ги критикуваше „едностраните потези“ за што ги мета затворањето на границите на ткн балканска рута и воведувањето на лимити за мигрантите како што стори Австрија. „Јас на Австрија не сум ѝ благодарна и не сум среќна поради тоа што се донесени еднострани одлуки“, рече Меркел.
Од редовите на нејзината владејачка Унија CDU/CSU главно позитивно го оценуваат исходот од самитот ЕУ-Турција, но и предупредуваат дека на Турција не смее премногу да ѝ се излегува пресрет.
Баварската сестринска партија Христијанско-социјална унија (CSU) која ја критикуваше политиката на Меркел за претераното попуштање и примање на барателите на азил, бидејќи Баварија е најоптоварена со приливот на мигрантите, смета дека мора да се биде особено претпазлив по прашањето за олеснување на добивањето визи за турските државјани.
„Ослободувањето од визите е отворени повик за злоупотреба“, предупреди претставникот на CSU, Ханс-Петер Ухл за дневниот весник Die Welt. Смета дека пред олеснувањето на визниот режим со Турција, оваа земја треба да се стави на листата земји на „сигурно потекло“, што значи практично оневозможување државјаните на оваа земја да стекнат право на политички азил во Германија и дека можат да бидат депортирани.
Имајќи ја предвид долгата офанзива во југоисточна Турција на армијата против герилците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) и борбите кои сé повеќе се преместуваат во урбаните средини и сé повеќето цивилни жртви, во CSU стравуваат од масовно доаѓање на Курдите во Германија, и затоа најави „интензивни разговори“ со канцеларката Меркел и нејзината Христијанск-демократска унија (CDU) во врска со визниот систем за Турција.
Претседателот на пратеничката група на унијата CDU/CSU, Волкер Каудер, договорот со Турција го карактеризираше како „важен чекор“ кон решавањето на мигрантската криза, но истовремено предупреди дека на Турција, особено кога се во прашање човековите и верските права, не смее „да ѝ се гледа низ прстите“.
Министерот за правда Хеико Маас, кој доаѓа од партнерот во владата Социјалдемократската партија на Германија (SPD), заклучи дека „Турција не е едноставен партнер“, но е незаобиколен фактор во решавањето на мигрантската криза. „Нема да дозволиме да бидеме уценувани од страна на Анкера, особено кога станува збор за човековите права“, порача Маас.
Партијата на Меркел CDU и SPD, ја загубија поддршката пред неделните избори во Баден-витемберг, Рајна и горна Саксонија, но личниот рејтинг на Меркел малку се поправи минатата седмица откако претходно беше на најниското ниво во последните четири и пол години. ,
Манфред Гулинер, од агенцијата за анкети Forse, смета дека нацрт договорот ќе овозможи да се зајакне поддршката за Меркел меѓу Германците, иако ќе ја зајакне разликата меѓу CDU и SPD наспроти антиимигрантската Алтернатива за Германија (Alternative fuer Deutschland – AfD) и баварската CSU. Се очекува дека AfD ќе оствари добри резултати и ќе ја намали разликата, откако минатата недела освои изненадувачки дури 13,2 отсто од гласовите на локалните избори во западната сојузна држава Есен и стана третата по големина партија во советите на оваа држава, а претходно одвај можеше да го мине изборниот праг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

