Европа
Мигрант почина чекајќи надвор на студот во Берлин
Еден мигрант почина откако бил присилен да чека пред канцеларијата за здравствено и социјално осигурување во Берлин (Lageso) неколку денови на температури под нулата, соопштија волонтерите во среда.
„Ете, се случи. Сириец кој имаше 24 години и кој чекаше на неподносливите температури под нулата, е мртов затоа што се разболе од грип, се тресеше, а доби и инфаркт во амбулантата“, напиша на Facebook волонтерката Рејна Брунс. „Човекот што сега е мртов имаше 24 години, Млад, здрав човек, кој може да поднесе се, за кој никој не треба да се грижи, а кој се сомневаше од почетокот – што уште сакаат овде?“, додава таа.Ниту полицијата ниту Lageso веднаш не ја потврдија веста за смртта на момчето, јави Spiegel Online.Брунс вели дека е сведок и на најмалку четири спонтани абортуси на жени кои чекале пред канцелариите на Lageso – „не е ли тоа исто така, смрт?“, се прашува таа, а сведочи и за неколку колабирања, инфаркти и дијабетични шокови, што мигрантите ги доживеале додека чекале пред канцелариите.„Ова жртвување на човечкиот живот мора да се превенира. Знаевме дек ќе дојде до тоа. И не се случува само последните два дена, туку последната половина година.“Нејзината колешка, волонтерка, Диана Хенигес, за Spiegel Online вели дека смртта на момчето е директна последица на чекањето пред Lageso.„Тој беше истоштен од чекањето на студот, имаше грип. Но, сепак, мораше да се појавува пред Lageso иако имаше треска“, вели Хенигес, додавајќи дека тој немал налчин како да дојде до пари за храна.Lageso е под притисок последните месеци, поради слабост на менаџментот што резултираше и со смена на директорот во декември.Хенигес за The Local вели дека не очекуваат работите да се сменат само затоа што се сменило раовоството во институцијата и ги обвини градските власти на Берлин дека не водат грижа за бегалците.Повеќе од 40 адвокати поднесоа кривична тужба против градскиот сенатор за здравство Марио Чаја, во декември, обвинувајќи ги институциите дека со запуштањето на работата предизвикуваат непоправлива штета.„Во ниту една друга држава политикарите и администрацијата не потфрлиле толку системски како овде“, рече адвокатката Кристина Клем, при поднесувањето на тужбата, тврдејќи дека поради тоа се случуваат повреди, болести, глад и бездомништво./крајтл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

