Европа
Мигрантите во Кале си ги сошија усните во знак на протест
Група мигранти од кампот „Џунгла“ во францускиот град Кале, си ги сошија усните во знак на протест против разурнувањето на дел од кампот, кој од судот беше прогласен за небезбеден и за место во кое нема услови да престојуваат мигранти.
Тие зедоа игла и конец и ги сошија усните, а потоа изнесоа транспаренти на кои пишуваше: „Ние сме луѓе“ и „Каде е нашата демократија? Каде е нашата слобода?“. На друг банер стои: „Ја напуштив својата земја за да ги најдам своите човекови права, но за жал и овде ги нема“.И во четврток наутро продолжија работите за демонтирање на јужниот дел од кампот.Во среда беа демонтирани повеќе шатори, а дел од нив беа запалени претходните денови во знак на протест. Франција сака, мигранитите кои повеќето доаѓаат од земји во војна и во сиромаштија од Средниот Исток и северна Африка, да се преселат во други кампови и прифатилишпта ширум земјата.Мигрантски здруженија, активисти и хуманитарни групи расправаат што понатаму, сега кога француските власти решиле да го уништат и да го затворат кампот. Овој камп им служи на мигрантите како последна точка пред да преминат во Велика Британија, каде планираат да побараат азил. Од Кале кон Велика Британија се протега Евротунелот, преку кој мигрантите се надеваат дека ќе поминат. Со меѓудржавен договор, Франција и дозволи на Велика Британија нејзини полицајци да го контролираат протокот на луѓе на влез во тунелот. Дополнително, пред состанокот на францускиот претседател Франсоа Оланд, со британскиот премиер Дејвид Камерон, Велика Британија одлучи на Франција да и префрли дополнителни 20 милиони евра за справување со кризата во кампот во Кале.Британија до сега придонесе со околу 60 милиони евра, а дополнително ќе даде уште 20 милиони, објави францускиот министер Харлем Десир за радиото RFI, пари што треба да се потрошат на обезбедување на сигурните зони за влез во тунелот и за борба против шверцот на луѓе./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

