Европа
Могерини; ЕУ е посебно одговорна за имигрантите на Медитеранот
Европската унија мора да биде подготвена да се справува со приливот на имигрантите кои го преминуваат Средоземното Море, изјави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини по неколкуте бродски несреќи во коишто животите ги загубија стотици имигранти.
Европската унија мора да биде подготвена да се справува со приливот на имигрантите кои го преминуваат Средоземното Море, изјави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини по неколкуте бродски несреќи во коишто животите ги загубија стотици имигранти.
„Како Европејци посебно сме одговорни за спречување на таквите драми и соочување со таа криза“, изјави во средата шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, која доаѓа од една од земјите кои се најпогодени од оваа криза – Италија, на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон.
Од почетокот на годинава во обидите да го препловат Медитеранот и со несигурни, претоварени и импровизирани пловила да дојдат до бреговите на Европа, загинале повеќе од 1.750 имигранти, дури 30 пати повеќе отколку во истиот период претходната 2014 година.
ЕУ, САД и Африканската унија (АУ) би можеле „да работата заедно на спасувањето на очајните луѓе кои се во потрага по подобар живот, во борбата против трговијата со луѓе и против оние коишто ги префрлуваат тие имигранти“, рече Могерини.
Могерини во понеделникот заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, и италијанскиот премиер Матео Ренци, исплови на отворено море во знак на солидарност со имигрантите, една седмица по бродоломот на рибарскиот брод кој превезувал повеќе стотици илегални имигранти, во кој во водите крај Либија загинаа повеќе од 800 луѓе.
Најголемата пречка со којашто се соочени во ЕУ е хаосот кој владее во Либија, од каде што многу имигранти го тргнуваат во многу опасната авантура преку Медитеранот. Франција и Велика Британија имаат намера, како постојани членки, од Советот за безбедност при ОН да побараат усвојување резолуција којашто ќе овозможи дејствување во либиските води против организаторите на транспортот на несреќните имигранти.
„Заеднички работиме на проблемот со Либија, којашто се наоѓа на точка на пресврт во која дипломатијата е на искушение“, изјави Кери.
На вонредниот самит минатиот четврток во Брисел челниците на ЕУ се договорија дека тројно ќе ги зголемат средствата за операцијата „Тритон“ за надзори помош во Медитеранот. Секој ден повеќе стотици имигранти,повеќето Африканци и Сиријци, стигнуваат до италијанскиот брег./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

