Контакт

Европа

Могерини најави нов пакет санкции за Русија до петок

Објавено пред

Владите на земјите членки на Европската унија ќе донесат одлука за пакет нови санкции против Русија најдоцна до петок, истакна во вторникот новоизбраната Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

dobivaj vesti na viber

„Во понеделникот се состанаа амбасадорите на ЕУ, сега Комисијата ќе претстави предлог, утре ќе биде финализиран предлог пакетот по што одлука ќе биде донесена во петок“, истакнала италијанската шефица на дипломатијата Могерини, пренесува Reuteurs.

 

Могерини додала дека Комисијата ќе работи на зајакнување на пакетот санкции против Русија поради „воената инвазија“ во Украина, и тоа во четири сектори вклучувајќи ги одбраната и финансиите.

 

Според Могерини, ситуацијата во Украина се променила поради однесувањето Русија истакнувајќи притоа дека Русија и Европската унија повеќе не се во партнерски односи.

 

„Стратешкото партнерство е готово. Јасно е дека е готово, а тоа беше избор на Москва. Имаме проблеми на територијата на Украина. Имаме конфликт, се разбира“, рекла Могерини.

 

Лидерите на ЕУ ја избраа Могерини во саботата како наследник на Кетрин Ештон, на која во октомври и истекува мандатот./крај/мф/ап

 

Европа

Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Објавено пред

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.

dobivaj vesti na viber

Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.

„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.

Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.

Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.

Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи, вака изгледа паузата на Путин во нападите?“

Објавено пред

Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Днепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.

dobivaj vesti na viber

Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откога службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како double-tap – двоен напад, велат од „Укржализиница“ додавајќи дека нема жртви.

„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.

Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русија гранатира болница во Украина, спасувачките служби ги евакуираат пациентите

Објавено пред

Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, соопштија украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда. Спасувачките екипи бргу реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.

Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени. Во меѓувреме, Русија објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, а Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи, кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.

Украинските власти претходно објавија дека борбите во регионот Курск сè уште траат, особено во Суџа и околните области.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија39 минути

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија1 час

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија2 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија2 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија4 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија5 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...

Македонија5 часа

Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови, следува забрана за вршење дејност

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчерашната направена контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца,...

Македонија6 часа

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот...

Македонија7 часа

Побаран нов притвор за несреќата во Кочани: вкупниот број се искачува на 18 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за...

Македонија8 часа

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниеден од преживеаните, 101 пациент се во странство, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани....

Македонија8 часа

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел. Информацијата...

Македонија9 часа

Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани, со што...

Македонија10 часа

Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на...

Македонија10 часа

„Да не се шират дезинформации, бројот на жртви во Кочани е 59“, Владата со повик да не се објавуваат непроверени информации

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани и во знак на почит кон загинатите жртви, повредените и...

Свет11 часа

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа12 часа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа12 часа

(Видео) Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион13 часа

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија23 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...