Контакт

Европа

Москва упати демарш до Киев поради гаѓањето граничен премин

Објавено пред

Русија упати остар протест во четвртокот до Украина откако украинската армија со артилериски оган гаѓале граничен премин меѓу двете земји и предупреди дека сличните акции ќе предизвикаат „последици“.

dobivaj vesti na viber

 

„Русија најостро протестира и бара да се сопре огнот врз нејзината територија. Во случај на повторување на таквите активност, целата одговорност за нивните последици ќе падна на властите во Киев“, се истакнува во соопштението на руското министерство за надворешни работи во коешто се посочува дека ова не е прв инцидент од овој вид.Москва повеќепати досега се жалеше дека граничните премини биле цел на артилериски напади од украинската територија, а кон крајот на јуни беа заробени и две оклопни возила на украинската армија кои ја минале граничната линија и навлегле во руската територија.На 28-ми Москва објави дека истиот граничен премин бил гаѓан од силите на украинската армија, Националната гарда на Украина и милитантите од ултранационалистичкитечкото движње Десен сектор, чиишто паравоени единици се исто така ангажирани во повеќе од тримесечната операција за заземање на контролата во источните проруски региони на Украина каде големи области се под контролата на ткн народни милиции за самоодбрана кои не ги признаваат новите прозападни власти во Киев. Руската дипломатија посочува и овие дејствијата на украинската страна претставуваат грубо нарушување на меѓународното право, како и дека во периодот на нападот во близина на нападнатиот граничен премин „Гуково“ имало 230 бегалци од Украина. Министерството нагласува дека „за среќа немало жртви“ и дека „бегалците се евакуирани на безбедно место“./крај/мф/сн

Извор: Итар-Тасс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Објавено кои санкции ги воведува ЕУ кон Русија: опфатени се и компании од Виетнам, Србија и од Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска

Објавено пред

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за 17-тиот пакет-санкции против Русија, кој треба да го потврдат министрите за надворешни работи следната недела. Новиот пакет-санкции вклучува речиси 200 нови танкери од таканаречените флоти во сенка што Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за стари, неосигурени бродови, кои користат разни трикови за да го скријат потеклото на нафтата што ја транспортираат, вклучително и испраќање фалсификувани податоци и исклучување на транспондерите. Се сомнева дека бродовите се користат и за саботажи на подморничката инфраструктура. Досега 153 вакви брода се санкционирани и им е забрането да се закотвуваат во европските пристаништа. Сега тој број се зголеми на речиси 350 брода.

30 компании се додадени на листата на санкции поради вмешаност во заобиколување на санкциите, особено кога станува збор за производи со двојна намена. Овие компании ќе се соочат со нови трговски ограничувања. Санкциите ќе ги опфатат и компаниите од земји како Виетнам, Србија и Турција за кои постои сомневање дека ја снабдуваат руската војска.

Додадени се уште 75 поединци и компании поврзани со воено-индустрискиот комплекс. Исто така, се забранува извоз на хемикалии од ЕУ што може да се користат за производство на ракети.

Заедно со овој пакет, ЕУ ѝ се закани на Русија со масовни санкции доколку одбие да го прифати предлогот за прекин на огнот од 30 дена, поддржан од САД.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја предупреди Москва во вторникот дека ќе се соочи со дополнителни санкции доколку нема вистински напредок кон мир во Украина оваа недела. Мерц го покани рускиот претседател Владимир Путин да седне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул в четврток за да разговараат за прекин на огнот и евентуално мировно решение.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ планира да ги воведе врз Русија.

dobivaj vesti na viber

„Се чини дека нема да го направат ни ова ни она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти. Извинете за изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечките светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.

Европската Унија го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, изјави за „Киев индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 брода од руската флота во сенка, 30 компании вклучени во избегнување санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, вели извор

Објавено пред

Европската Унија го одобри 17-тиот пакет-санкции против Русија, изјави за „Киев индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 брода од руската флота во сенка, 30 компании вклучени во избегнување санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.

dobivaj vesti na viber

Новиот пакет исто така вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.

„Значи, гледате каде одиме. Покрај традиционалните секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија онаму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 минути

Мицкоски најавува инвестициски бум од околу 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум...

Македонија24 минути

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со РЕК Битола, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија48 минути

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија48 минути

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија2 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет2 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Свет3 часа

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија4 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија5 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет5 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа6 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет6 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа7 часа

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион7 часа

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија16 часа

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...

Македонија22 часа

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија23 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија24 часа

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија1 ден

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...