Европа
Мртви и ранети во експлозија во украински Харков

Три или две лица се загинати, а меѓу 10 и 15 се ранети, според разни медиуми, во неделата во напад врз собир на околу 500 активисти на граѓанското мировно здружение „Евромајдан“ во источниот украински град Харков, повеќе од 200 километри оддалечен од областите на судирите со рускојазичните бунтовници.
„Според сведоштва на очевидци, врз собирот од автомобил во движење е фрлена експлозивна направа. Според првите информации, имаме тројца загинати и десетина ранети“, изјавила за AFP Вита Дубровик, портпаролка на регионалното државно обвинителство. Меѓу загинатите е и полицаец.
Украинската новинска агенција УНН и телевизијата Громадске ТВ, повикувајќи се на началникот на регионалниот оддел на украинското министерство за внатрешни работи Анатолиј Дмитриев, пренесуваат дека станува збор за терористички чин во кој има најмалку две жртви, од кои едната е полицаец, и двете лица загинале на самото место, како и дека 15 луѓе се ранети.
Украинската полиција се сомнева, исто така, на „терористички напад“, кој се случил на Московската авенија во близина на метро станицата „Маршал Жуков“, во близина на Домот на спортовите во Харков.
Агенцијата Reuters забележува дека во Харков, кој инаку не беше зафатен со борбените операции, последните месеци одекнуваа повеќе силни детонации, но досега без жртви, и ја пренесува оцената на украинското министерство за надворешни работи дека во сите случаи станува збор за „терористички акти“, но без да се посочи можниот сторител./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин