Европа
На два милиона Французи заболени од грип, болниците претрупани

Епидемијата од грип веќе погодила повеќе од два милиона лица во Франција, а претрупаноста на болниците се споредува со состојбата од 2003 година кога починаа 15 илјади луѓе, предупредуваа лекарите од службата за итна медицинска помош.
Поради вонредната здравствена ситуација, француската министерка за здравство Марисол Турен во четвртокот навечер го стави во оперативност на национално ниво таканаречениот план „Орсан“. „Кулминацијата на епидемијата сé уште не е достигната“, се предупредува во соопштението на министерството за здравство.
Малку претходно во четвртокот, лекари од службата за итна медицинска помош предупредија на „критичната санитарна ситуација“ во болниците кои се пренатрупани со пациенти поради епидемијата.
„Оптовареноста на итните служби може да се спореди со онаа од летото 2003 година“, кога од горештините починаа 15 илјади луѓе, изјави претседателот на француската Служба за итна медицинска помош, Франсоа Бон.
Сезонскиот грип веќе погодил повеќе од два милиона лица од почетокот на епидемијата, меѓу кои се и најзагрозените пациенти повозрасни од 65 години, соопшти Институтот за санитарен надзор. Министерството за здравство потсети на важноста од вакцинирање, „особено за постарите лица и медицинскиот персонал“.
Вакцината против грип оваа година нуди само 23-процентна заштита кај лицата од сите возрасти, поради мутирањето на сојот на вирусот, предупредија уште на 15-ти јануари американските санитарни власти./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин