Европа
На градилиште на џамија во Лајпциг мртва свиња со името на Меркел
Непознати сторители на градилиште на џамија во источниот германски град Лајпциг оставиле мрша од мртва свиња на која со црена боја било напишано „Mutti Merkel“, односно „Мајка Меркел“, соопшти во четвртокот тамошната полиција.
„Поаѓаме од политички мотивирана заднина и отворена е истрага“, се наведува во соопштението на полицијата во Лајпциг.
На градилиштето на оваа идна џамија и претходно беа наоѓани свински глави, но ова е првпат таквите чинови да се доведуваат во поврзаност со германската канцеларка Ангела Меркел, којашто десно-конзервативните сили во земјата ја обвинуваат за дозволата на енормниот број бегалци кој надмина милиони во текот на 2015 година, главно од муслиманските земји коишто со исламистичка заднина сакаат да му наштетат на германското општество.
Бројот на нападите врз бегалските домови и исламски објекти во Германија од почетокот на доаѓањето на големиот број бегалци во Германија драстично е зголемен. Само од во првите два месеца од 2016 година се регистрирани повеќе од 170 напади, како што во понеделникот објави Сојузното биро за борба против криминалот (BKA).
Лајпциг е сместен во источната германска покраина Саксонија, каде што е голем отпорот против прифаќањето имигранти и бегалци, што предизвикува загриженост и на национално ниво.
Во овој источногермански град активно е движењето на Legida (Жителите на Лајпциг против исламизацијата на Западот), локално движење инспирирано од помасовното граѓанско движење Pegida (Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот) кое започна во соседен Дрезден. Активистите на Pegida се приклучуваат на протестите на Legida, и таа досега остана исклучиво локално движење и не успеа да се прибие надвор од Саксонија, сојузната држава чиј главен град е Дрезден./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

