Европа
На Поворката на гордоста во Прага илјадници луѓе

Илјадници приврзаници на движењето за правата на хомосексуалците излегоа на улиците на чешката престолнина Прага во саботата по повод Поворката на гордоста изразувајќи солидарност со жртвите на масакрот во ноќниот геј клуб во Орландо во јуни.
„Љубовта е посилна од омразата“ е една од главните пораки на годинешната поворка за којашто организаторите тврдат дека привлекла меѓу 15.000 и 20.000 луѓе.
Во терористичкиот напад на популарен геј клуб во Орландо на Флорида на 12-ти јуни беа убиени 49 луѓе. Поворката во саботата во Прага започна со одавање почести на овие жртви на централниот градски плоштад.
Демонстрантите, исто така, се залагаат за поголема толерантност во самата Чешка. „Еднополовите двојки во Чешка не можат да посвојуваат деца, тоа мора да се смени“, изјавил еден жител на Прага кој учествувал во поворката, пренесе агенцијата DPA.
Чешка не ги дозволува истополовите бракови, но хомосексуалните двојки можат да влезат во цивилно партнерство.
Меѓу учесниците во поворката беа и чешката министерка за регионален развој Карла Слехтова и прашката градоначалничка Андрана Крнацова, како и многу познати личности од јавниот живот на чешката престолнина./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Европа
Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.
„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.
Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.
„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.
Европа
Сателитски снимки: како изгледа клучната руска база пред и по украинскиот напад

Нови сателитски снимки од руската воздухопловна база Енгелс, која вчера беше погодена од украински беспилотни летала, се направени утрово, а на нив се гледаат кратери и уништени згради.
На снимките се споредува денешната ситуација со онаа од декември 2024 година. Фотографиите ги објави американската компанија Maxar Technologies.
new satellite imagery (from this morning) of Russia's Engles Air Base, which was hit by Ukrainian drones a day earlier. Craters and destroyed buildings are visible. Images 1-3 from March 21; Image 4 from Dec. 2024. 📸@Maxar pic.twitter.com/w4dXQCCgXA
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) March 21, 2025
Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа мети на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави вчера гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.