Европа
Најголем број имигранти во Германија од 2005-та

Бројот на имигранти во Германија минатата 2014 година го достигнал највисокото ниво во последните десет години, а тоа најмногу се појаснува со доаѓањата од Европската унија.
Најголемата европска економија имала 10,9 отсто имигранти во 2014 година, на околу 81 милион население, или 10,6 отсто повеќе отколку во 2011 година, што е највисокото ниво од 2005 година, објави во понеделникот германското биро за статистика Destatis.
Без оглед на тоа дали поседуваат или не германски пасош, имигрантите коишто живеат во Германија минатата година сочинувале 13,4 отсто од германското население. Бројот на имигрантите непрекинато се зголемува до 2011 година, коментира во соопштението Destatis.
Тоа зголемување во прв ред го носи приливот (од +18 отсто од 2011 година) на лица од Европската унија. Во тој период значително се зголемил бројот на имигрантите од Полска, Романија, Италија, Бугарија и Унгарија. Надвор од ЕУ имигрантите пристигнуваат, исто така, според бројноста, од Кина, Сирија и Индија.
Статистиките кои ги објави Destatis покажуваат дека бројот на странците кои живеат во Германија достигнал 20,3 отсто од вкупното германско население во 2014 година, што значи секој петти жител или 16,4 милиони луѓе. Повеќето од половината од нив, или 56 отсто, имаат германски пасош.
Објавувањето на извештајот доаѓа во време на зголемените тензии во Германија поради зголемениот број бегалци и баратели на азил, чијшто број се очекува годинава двојно да биде зголемен на рекордните 450.000, од 200.000 во ланската 2014 година.
Една минатонеделна анкета покажа дека довербата во германската влада е опаднат, поради нејзината политика на примање и згрижување на беглаците.
Во првите шест месеци од 2015 година регистрирани се 150 напади, подметнувања на пожари или други оштетувања на центрите за прифаќање низ цела Германија, која е цел на бегалците од војните и насилствата во северна Африка, Блискиот исток и Азија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции додека се обидуваше да се упати од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал.
„Го кажувам ова со самокритика – задачата е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година. Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија“, рече Мерц во саботата за време на говорот во северниот германски град Оснабрик.
Податоците објавени во петокот покажаа дека германската економија се намалила повеќе отколку што првично се проценувало во вториот квартал. Економската активност во Германија се намалила за 0,3 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, пад што е за 0,2 процентни поени посилен од оној што го покажа прелиминарната проценка.
„Никој не треба повеќе да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, им рече Мерц на членовите на неговата партија Христијанско-демократска унија (CDU) во Долна Саксонија, покраината каде што е седиштето на производителот на автомобили „Фолксваген АГ“.
Тој го посочи падот од 36% на профитот по оданочување на „Фолксваген“ во вториот квартал како само „една од многуте пораки“.
„Големи делови од нашата економија повеќе не се конкурентни, а тоа е прашање на ценовна конкурентност“, предупреди Мерц, без да ги именува компаниите.
„Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија“, додаде тој.
Откако ја презеде функцијата оваа година, Мерц вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и зголемување на домашната побарувачка. Неговата влада планира да инвестира стотици милијарди евра во патишта, мостови и вооружени сили за да ја зголеми продуктивноста.
Во саботата, тој ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании. Тој, исто така, призна дека американската царина од 15% за германскиот извоз би била товар за економијата, но предупреди дека отворената трговска војна со Вашингтон би можела да биде многу полоша.
фото: принтскрин