Европа
Најмалку 73 загинати, над 120 ранети во нападот во Ница
Најмалку 73 лица се убиени, а повеќе од 120 се ранети во терористичкиот напад во францускиот приморски град Ница, јавуваат во своите најнови извештаи медиумите, a телевизијата iTele истакнува дека станува збор „само за првични“ процени.
Нападот е извршен во четвртокот вечерта кога непознати лица со возило се залетале во маса луѓе коишто шетале по познатата Promenade des Anglais а потоа отвориле оган врз луѓето, потврди префектурата на јужниот департман Приморски Алпи.
Постојат неофицијални изјави од полицајци дека во нападот се загинати цели семејства.
Камионот се забил во масата луѓе на познатиот Англиско шеталиште (Promenade des Anglais) „по должина од два километра“, објави во своите привични процени обвинителството на префектурата, пренесе телевизијата France 24/
Во моментов не е јасно дали станува збор за еден терорист кој нападот го извршил со возилото. Исто така, не е познато дали тој или негови соучесници отвориле оган врз масата луѓе, или очевидците ги слушале истрелите на полицајците врз возилото.
Обвинителот на Ница потврдил за телевизијата iTele дека околу шеесет лица се жртви во нападот во градот во четвртокот ноќта, коа маса луѓе се собирале на познатата авенија да го проследат огнометот по повод националниот празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули.
Претходно во четвртокот францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека режимот на вонредна состојба воведен во земјата по терористичкиот напад од 13-ти ноември 2015 година во Париз со 130 убиени.
Телевизијата BFM TV објави дека „најмалку шеесетина лица се убиени и повеќе десетици се повредени“. Информацијата за десетици жртви ја потврди и градоначалникот на Нива, Кристијан Естрози.
Непознати лица во камион или минибус, во зависност од сведоци, се забиле во маса луѓе во Ница. Возилото низ масата минало неколку стотици метри, а потоа терористите отвориле оган врз луѓето. Според сознанијата на BMF TV, „избувнала и престрелка меѓу лицата во возилото со полицијата“.
„Можно е терористите да земале заложници“, се додава во континуираниот извештај на телевизијата.
За изведување на нападот бил искористен голем камион со бела боја, според кадрите од местото на нападот што ги емитува BFM TV. Возилото со бела боја, со разбиен преден дел стои Promenade des Anglais во центарот на градот.
Возачот, според префектурата, е убиен во престрелка со полицијата. Во градот по терористичкиот напад, според многубројните очевидци, „има голема паника“.
Во кадрите што ги емитуваат од Ница француските телевизии, се гледа како на улиците на Ница патролираат бројни полициски сили, се слушаат сирени на бројни возила на итната помош.
Префектурата и градската администрација ги повикаа жителите на Ница да не ги напуштаат своите домови или местата на кои се нашле во моментот на нападот. Во областа на централниот плоштад Месена, полицијата постави барикади и целосно ја затвори зоната во близина на местото на нападот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

