Контакт

Европа

Најмалку 9 кандидати за предизборите кај француската левица за претседателски кандидат

Објавено пред

Најмалку девет кандидати ќе се натпреваруваат на предизборите во француската левица за нејзин кандидат за претседателските избори во пролетта 2017 година, чиј победник ќе мора многу да се труди покрај фаворизираните кандидати на конзервативците и крајната десница да влезе во вториот круг.

dobivaj vesti na viber

Засега има девет сериозни кандидатури, од кои осум се мажи а една е жена, соопштија во четвртокот вечерта организаторите на предизборите на левицата кои ќе се одржат на 22-ри и 29-ти јануари.

По официјалното заклучување на постапката на кандидирање во четвртокот, потврдените кандидатури службено ќе бидат објавени во сабота.

Во периодот меѓу 12-ти и 19-ти јануари ќе бидат организирани три телевизиски соочувања, а победниците од нив ќе дебатираат на завршното соочување на 25-ти јануари.

Убеден дека може да ја обедини левицата, 54-годишниот француски премиер Мануел Валс си поднесе оставка од должноста и се вклучи во трката за добивање претседателска кандидатура,

Ќе се соочи,меѓу другите, со својот сопартиец социјалист поранешниот министер за економија Емануел Макрон, кандидатот на Зелените Јаник Жадо, со поранешните министри Арно Монтербург, кој беше противкандидат на предизборите и на актуелниот социјалистички претседател Франсоа Оланд, како и со единствената жена меѓу нив, Силвија Пинел, која е лидерка на Радикалната партијана левицата.

Разединетата и ослабена левица на претседателските избори на крајот од април и почетокот на мај следната година ќе се соочи со обединетиот десен центар кој на предизборите во ноември го избра поранешниот премиер Франсоа Фијон, и со претседателската на партијата од крајната десница Народен фронт, Марин Лепен./крај/мф/сн

Европа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Објавено пред

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев ќе бидат запрени, додека Вашингтон се обиде да го намали значењето на паузата.

dobivaj vesti na viber

Тоа е сериозен удар за Украина во време кога Русија ги засилува нападите во отсуство на дипломатски напредок за решавање на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин од јануари, обидувајќи се да изврши притисок врз него да ги запре борбите, но без да постигне конкретен напредок.

Вчера, сосема неочекувано, неговата администрација објави дека престанала да испорачува одредени видови оружје во Киев, официјално поради загриженост за намалувањето на залихите на муниција во САД, од каде што доаѓа најголемиот дел од воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Американските претставници вчера се обидоа да го минимизираат влијанието на потегот, без да дадат детали. „Министерството за одбрана продолжува да му презентира опции на претседателот во врска со воената помош за Украина, во согласност со целта за завршување на оваа трагична војна“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за новинарите.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на брифингот изјави дека „ова не е суспензија на американската помош за Украина или испораката на оружје“, туку „изолиран инцидент“.

Оружјето, муницијата и опремата од Соединетите Американски Држави, како и разузнавачките информации, им овозможија на украинските сили да ги сопрат руските трупи, кои окупираа речиси 20 проценти од украинската територија. Украина останува зависна од американските испораки на оружје, изјави за АФП висок украински воен функционер.

„Европа прави сѐ што може, но ќе ни биде тешко без американска муниција“, додаде тој. Синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Вашингтон и Киев се обидуваат да ги „разјаснат сите детали“ во врска со воената помош што Соединетите Американски Држави сè уште ја обезбедуваат. „Продолжената американска помош за нашата одбрана и нашиот народ е во наш заеднички интерес“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Објавено пред

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2 јули, објавија и руски и украински Телеграм канал.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на магацинот за кој се тврди дека се наоѓа источно од рускиот окупиран град Донецк.

Украинската војска не го коментираше нападот, а во моментов нема информации за обемот на штетата.

Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.

Вечерта на 30 јуни, Украина слично започна напад врз командниот пункт на 8-та комбинирана армија на руските вооружени сили во рускиот окупиран дел од Донецката област. Според неофицијални информации, нападот бил извршен од британски крстосувачки ракети со долг дострел од типот Storm Shadow.

Со месеци, Русија ја фокусираше својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не беше погоден од борбите.

Прикажи повеќе...

Европа

Убиен украински командант; Зеленски: Ќе одговориме за овој напад

Објавено пред

Во руски ракетен напад врз Хуљајпоље во областа Дњепропетровска беше убиен командантот на 110-та посебна механизирана бригада на Украина, Сергеј Захаревич, а ранети се уште 30 други, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Руската војска го нападна вчера округот Камјански, каде што се наоѓа селото Хуљајпоље, соопшти гувернерот Сергеј Лисак. Хуљајпоље, со население од околу 1.200 жители пред војната, се наоѓа во западниот дел на областа Дњепропетровска, на околу 70 километри од линијата на фронтот.

„Секако ќе им одговориме на Русите за овој напад“, објави Зеленски, додавајќи дека во моментов е во тек истрага за рускиот напад и дека чека извештај од воената команда.

Захаревич дипломирал на Одесскиот институт на копнените сили. Во февруари оваа година, тој беше назначен за командант на 110-та посебна механизирана бригада. Пред тоа, тој беше заменик-командант на 33-та механизирана бригада.

Тој учествуваше во неколку борбени мисии на фронтот. „Нашата армија изгуби уште еден претставник на новата генерација украински офицери кои пораснаа во битка и станаа модели на храброст и проактивно воено лидерство“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 час

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа2 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет2 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет2 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет3 часа

Во Лос Анџелес, луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет3 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија12 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија12 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија15 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија18 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија19 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ19 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија19 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија21 час

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија21 час

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија21 час

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет22 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет24 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет1 ден

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...