Контакт

Европа

Напаѓачите во шведска ИКЕА биле Еритрејци

Објавено пред

Шведската полиција објави во вторникот дека сомничи двајца Еритрејци за двојното убиство со нож во понеделникот во продавницата на ИКЕА во Вастерас, западно од Стокхолм.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата, претставникот на локалната полиција Пер Лгрен и заменичката обвинител Ева Морен изјавија дека двајцата осомничени потекнуваат од Еритреја. Додадоа дека добро се познавале бидејќи биле сместени во центар за баратели на азил во Арбор, 50-ина километри од местото на нападот.

Првиот е на 23-годишна возраст и е приведен набрзо по нападот на една автобуска станица. „Ги негира обвинувањата за кои се товари“, реле Морен.

Вториот напаѓач е на 35-годишна возраст и е пронајден тешко повреден на местото на нападот. Првично бил сметан за жртва, сместен е на оддел за интензивна нега и сé уште не може да биде испитуван. „Неговата состојба во текот на изминатата ноќ беше стабилна, но уште е критично“, изјавил болнички извор.

Жртви на нападот се 28-годишен маж и неговата 55-годишна мајка. Мотивите за убиствениот напад сé уште не се познати./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Лидерите на најмоќните европски земји синоќа отпатуваа во Киев, тоа е одговор на Путин

Објавено пред

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на единство и поддршка, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ги угости сојузниците на парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад.

dobivaj vesti na viber

„На пат сме кон Киев. За Украина, за Европа“, објави францускиот претседател Емануел Макрон заедно со заедничка фотографија со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск.

На собирот во Киев ќе се разговара за предлогот на САД и Европа за 30-дневен прекин на огнот во војната на Русија во Украина, кој, доколку биде отфрлен од Москва, би значел заедничко воведување нови санкции, изјави француски дипломатски извор, додавајќи дека чекорот сè уште не е финализиран.

Исто така, ова е прв пат лидерите на четири земји – британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск – да патуваат заедно во посета на Украина.

„Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, се наведува во заедничката изјава на четворицата европски лидери.

Посетата доаѓа во непредвидлив дипломатски момент во повеќе од тригодишната војна на Русија против Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп се залага за брз мир откако ги демонтира политиките на својот претходник откако влезе во Белата куќа во јануари.

По директниот контакт со руските претставници, јавниот судир со Зеленски и краткото прекинување на виталната воена помош за Украина, администрацијата на Трамп ги поправи врските со Киев и потпиша договор за минерали.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Стивен Сигал снимен на воената парада во Москва

Објавено пред

Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Во еден момен, камерите го покажаа Сигал како седи во публиката.

73-годишниот Сигал, експерт за аикидо, беше ѕвезда во американските акциони филмови во 80-тите и 90-тите. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сегал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со авторитарни лидери, вклучувајќи го и Кремљ.

Во 2016 година тој доби руско државјанство, а потоа во 2018 година руското Министерство за надворешни работи го назначи за специјален претставник за руско-американски културни врски и културно-историско наследство. Актерот постојано ја фали Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина.

Во 2021 година тој ѝ се приклучи на националистичка партија, а во август 2022 година ја посети источна Украина, каде што се сретна и го поддржа лидерот на проруските сепаратисти во Донецк, Денис Пушилин. Тој присуствуваше на инаугурацијата на Путин на неговиот петти мандат во мај 2024 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Новиот германски канцелар оди во Брисел на разговори со претставници на ЕУ и НАТО

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ќе пристигне во Брисел на разговори со високи претставници на ЕУ и НАТО, што е негово второ патување во странство откако ја презеде функцијата претходно оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Мерц ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателот на Европскиот парламент, Роберт Мецола.

Неговата посета на Брисел е проследена со големи очекувања дека промената на владата во Берлин ќе донесе нов импулс во Европа во време на вртоглави глобални предизвици, проценува АФП.

Во среда, тој ги посети Париз и Варшава на своето прво официјално патување во странство на новата функција.

По патувањата во Париз и Варшава, што сигнализираше за неговата намера да ги зајакне врските со двата соседа, посетата на Мерц на главниот град на ЕУ ја покажува неговата решеност да ја врати улогата на Германија во Европа по месеци политичка парализа, велат аналитичарите.

„Беше време“, сумираше еден дипломат на ЕУ за АФП.

„Чекаме и ни е потребна силна Германија, таква што е способна да се справи со тешката задача што е пред нас.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Европа17 минути

Лидерите на најмоќните европски земји синоќа отпатуваа во Киев, тоа е одговор на Путин

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак...

Македонија22 минути

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ12 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет14 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија18 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија19 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија19 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија21 час

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија23 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија24 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет1 ден

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ1 ден

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет2 дена

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија2 дена

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...