Европа
Напнатост меѓу бегалците во Германија
Во Германија во четвртокот дошло до нови судири во два центра за прифаќање бегалци по новиот рекорден прилив во септември, додека Обединетите нации во 2016 година предвидуваат влошување на бегалската криза.
Во Хамбург полицијата ноќта морала трипати да интервенира за да во заведе ред во два азилантски центра по судирите меѓу Сиријци и Авганистанци.
Помалиот инцидент во првиот центар, кога на 19-годишник му бил украден мобилен телефон, прераснал во кавга со осомничениот за кражбата, 23-годишен Ирачанец, а пото и во тепачка со дрвени штици и метли со другите бегалци, поради што морале да интервенираат десетина полицајци.
Според германскиот медиуми, се судриле двесте Сиријци и Авганистанци, додека во Германија одредени структури бараат имигрантите да се раздвојат по верска припадност и отворени изразуваат незадоволство поради се поголемиот број судири во прифатните центри.
Во еден друг центар во Хамбург, тројца бегалци се судриле а потоа им се придружиле и други лица од центарот, а причината за тепачката не е јасна. Полесно се повредени 16-годишен Авганистанец, двајца Сиријци на 16 и на 18 години и социјална работничка.
„Жестока е борбата за превласт во азилантските центри“, вели Рајнер Венд, претседател на германскиот синдикат на полицијата кој веќе со седмици бара засилување, предупредувајќи на „верски и меѓуетнички“ судири, па и присуство на „криминалци коишто сакаат да владеат со другите“.
Само во септември годинава во Германија пристигнале рекордни меѓу 270.000 и 280.000 бегалци, повеќе отколку во текот на целата мината 2014 година, а според локалните власти сите капацитети за се,сместување на ваквите лица, од спортски сали преку шаторски населби и касарни, се пополнети.
Во Грција, пак, од почетокот на 2015 година од Турција влегле повеќе од 310.000 бегалци, а за сместување се користат одамна напуштени објекти изградени за Олимписките игри во 2004 година. Високиот комесаријата за бегалци на ОН предупреди дека миграциската криза какво што во Европа досега не е забележана, најверојатно нема брзо да биде запрена. УНХЦР предвидува дека во текот на годинава преку Средоземјето на континентот ќе пристигнат 700.000 имигранти, како и дека во 2016 година ќе ги има најмалку уште толку./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

