Европа
НАТО ги повикува сојузниците да се подготват за „заканата“ од Русија

Парламентарното собрание на НАТО по тридневниот состанок во албанската престолнина Тирана, ги повика сојузниците „да бидат подготвени да возвратат на можната закана“ на Русија на некоја членка на Алијансата.
„Постои реални и сериозна закана од Русија“, тврдеше американскиот претставник Мајкл Тарнер претседател на собранието на кое се собраа околу 250 парламентарци од 28-те земји членки.
Во едногласно усвоената изјава се изразува жалење „поради руското употребување на сила и обидот да се заплашат сојузниците“ во НАТО.
„Во таквите околности, на НАТО му преостанува единствено да разгледува соодветни одговори на можните агресивни руски акции против некоја членка на Сојузот“, се истакнува во изјавата. Притоа парламентарците го повикуваат НАТО да им пружи гаранции на членките, особено на оние кои се на источните граници кои сметаат дека им е загрозена безбедноста.
НАТО и Русија практично ги прекинаа сите форми на соработка меѓусебно обвинувајќи се за придонесите на Брисел и Москва во украинскиот конфликт. Алијансата најави дека ќе разговара со Москва во форматот Советот НАТО-Русија пред самитот на 9-ми и 9-ти јули во полската престолнина Варшава.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ вети во понеделникот на Полска дека Алијансата по самитот ќе распореди на нејзината територија дополнителни сили.
„Ќе бидам јасен: во Полска по самитот во Варшава ќе има повеќе војници на НАТО, како јасен сигнал дека нападот врз Полска ќе се смета напад врз целата Алијанса“, рече Столтенберг во текот на посетата на полската престолнина.
На самитот во Варшава челниците на НАТО ќе го разгледаат испраќањето дополнителни сили во Полска и во балтичките земји кои наводно стравуваат од Русија. Се претпоставува дека ваквиот чекор дополнително ќе ја разгневи Москва која го обвинува НАТО дека не се придржува и до договорот за неширење кон нејзините граници и ја загрозува нејзината национална безбедност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин