Европа
НАТО изрази задоволство од исходот на референдумот во Шкотска
Генералниот секретар на НАТО Алијансата Андерс Фог Расмусен, го поддржува исходот од референдумот во Шкотска и изјавата на британскиот премиер Обединетото Кралство да остане целовито, пренесуваат светските медиуми.
„Британија е членка и една од земјите основачи на НАТО и јас сум уверен дека оваа земја ќе продолжи да има водечка улога со цел нашата Алијанса да остане силна“, истакнал Расмусен во соопштение кое го пренесе британската новинска агенција Reuteurs.
Расмусен истакнал и дека ја поддржува изјавата на премиерот Камерон во која тој вели дека Британија ќе продолжи да постои како единствена држава.
САД и останатите членки на НАТО изразиле загриженост дека распадот на Британија, чиј нуклеарен арсенал се наоѓа во голема поморска база на шкотскиот брег, ќе ја намали силата на една многу важна членка на НАТО сојузот.
Расмусен пред одржувањето на референдумот изјавил дека Шкотска може да конкурира за членство во НАТО доколку на претстојниот референдум се определи за независност, но дека ќе мора да ги исполни потребните критериуми, што според мислењето на аналитичарите, е тешко изводливо.
Генералниот секретар на НАТО рекол дека одлуката за прием во НАТО се носи со консензус и дека било која од 28 – те членки би можела да го блокира обидот на Шкотска да стане член на Алијансата.
Околу 4,3 милиони Шкоти со право на глас во четвртокот имаа прилика да се определат за „да“ или „не“ на листата на кој било поставено историското прашање: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

