Европа
Неидентификуваните останки од жртвите на Germanwings закопани во тајност

Неидентификуваните останки на лицата загинати во несреќата на авионот на германската нискотарифна воздухопловна компанија „Germanwings“ во март во француските Алпи, биле погребани во четвртокот навечер, пред церемонијата која се одржа во петокот за вкупно 150-те жртви од оваа трагедија, извести градоначалникот на едно гратче кое се наоѓа во близина на падот.
„Закопот беше извршен во четвртокот навечер, во полна дискреција на гробиштата Ла Верне“, изјавил за AFP градоначалникот на гратчето Пра-От-Блеон, Бернар Бартолини.
Во петокот под големиот шатор се одржа меѓуверската церемонија којашто ја предводеше бискупот од Диње, а присуствуваат меѓу 400 и 500 лица. Семејствата потоа заминаа во посета на гробиштата во Ла Верне, каде што се погребани ковчезите со посмртните останки на неидентификуваните лица загинати во несреќата во заедничка гробница.
Сите 150 патници и членови на екипажот, од кои 72 германски и 50 шпански државјани, на авионот „Airbus A320“ на 24-ти март загинаа на летот од Барселона кон Диселдорф. Според записите од „црните кутии“, истрагата заклучи дека трагедијата се случила поради самоубиствените намери на копилотот, Германецот Андреас Лубитц.
На церемониите во петокот не присуствува челникот на „мајчинскиот“ концерн „Lufthansa“, Карстен Шпор. Според портпаролот на компанијата, причина за тоа е „напнатата атмосфера“ по објавувањето во медиумите на отвореното писмо на семејствата на жртвите. Семејствата на загинатите ја сметаат за несоодветна отштетата понудена од страна на воздухопловната компанија и побараа исплата на 200 илјади евра.
Веднаш потоа, портпаролот на „Lufthansa“, Андреас Бартелс изјави дека семејства ќе добијат во просек по 100 илјади евра. Доколку жртвата во падот, како што рече, била член од семејството со најголем приход, таа сума на отштета може да надмине милион евра.
На почетокот од јули беше објавено дека компанијата „Germanwings“ започнала со исплата на компензација за ткн морална загуба на роднините на загинатите. Двете компании објавија дека исплаќаат 25 илјади евра на правниот наследник на секој загинат патник кој има германско државјанство, плус 10 илјади евра на секој близок роднина кој живее на територијата на Германија//крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин