Европа
Норвешка затвори дел од воздушниот простор поради терористичките закани
Норвешките власти одлучија да затворат дел од воздушниот простор над градот Берген, а исто така ги заострија пограничните проверки со контрола на идентитетот на сите патници кои влегуваат во земјата, вклучително и за државјаните на земјите членки на Европската унија, соопшти во саботата навечер полицијата, два дена откако беше соопштено дека се засилени безбедносните мерки во земјата поради заканата од терористички напади.
Норвешките безбедносни агенции од четвртокот се во состојба на зголемена подготвеност, откако службата за внатрешна безбедност добила „информации според кои група поврзана со исламските екстремисти во Сирија би можела да има намера да изврши терористички напад во Норвешка“.Од безбедносни причини, полицијата побарала од аеродромскиот оператор „Avinor“ да ги забрани сите летови над центарот на Берген, изјави Густав Ландро, началник на регионалната полиција. Забраната не се однесува на малите приватни авиони, за авионите на норвешката служба за море и спасување, како и за воените и полициските авиони. Норвешка не е членка на Европската унија, но припаѓа на Шенген зоната. „Поради делумните контроли на внатрешните граници од шенгенскиот простор, граѓаните на нордиските земји кои патуваат мора да имаат пасош или возачка дозвола, а европските државјани пасош или валидна лична карта“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на норвешката полиција.Претходно во петокот, челникот на полициската управа Одд Рејдар Хумлегаард изјави дека иако смета оти најверојатно ништо нема да се случи „Овојпат ќе бидеме многу подобро подготвени за управување и решавање на ситуацијата, доколку таа се случи“.Имено пред три години, на 22-ри јули 2011 година, екстремниот десничар Андерс Бехринг Брејвик, изврши масакр убивајќи 77 луѓе, предизвикувајќи експлозија пред владиниот комплекс во центарот на главниот град Осло а потоа немилосрдно стрелајќи на блиското островче врз учесниците на младинскиот камп на владејачката левица, која ја обвинува за попустливост кон имигрантите, особено до муслиманските земји и менување на демографската слика на Норвешка. Тогаш норвешката полиција беше жестоко критикувана поради бавноста во реакцијата што му овозможи на Брејвик во налудничавиот поход да одземе многу животи./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

