Европа
Нов телефонски разговор меѓу Путин и Ципрас
Грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал во петокот со рускиот претседател Владимир Путин за енергетската и економска соработка меѓи нивите две земји, објави грчката владата во соопштение.
„Се разговараше за соработката меѓу двете земји во секторите на енергетиката и претприемништвото пред учеството на Алексис Ципрас на економскиот самит во Санкт Петербург од 18-ти до 20-ти јуни“, наведува владата.
Телефонскиот разговор се одржа по одлуката на Грција којашто ја прифати Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да го одложи плаќањето во петокот на првата од неколкуте рати во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра кон Фондот и да ги спои во една, што е во согласност со основачкиот акт на оваа светска финансиска организација.
ММФ го одобри одложувањето на плаќањето на четирите рати до 30-ти јуни, со што Атина добива на време во надеж дека ќе постигне договор со доверителите што ќе ја ослободи последната транша од актуелниот пакет меѓународна финансиска помош во износ од 7,2 милијарди евра, со што ќе биде спречен банкротот на Грција и нејзиното излегување од еврозоната.
Во соопштението на Кремљ се прецизира дека Путин и Ципрас разговарале за практичните мерки за реализација на договорот склучен во текот на неодамнешната посета на грчкиот премиер на Москва, како и за изградбата на гасната инфраструктура на териториите на Турција и Грција.
Агенциите забележуваат дека во текот на споменатиот престој на Ципрас во април, Путин ја спомена можноста од заедничко вложување во инфраструктурата. Двајцата челници на и на почетокот од мај разговараа за намерата на Грција на својата територија да го продолжи гасоводот кој се води како „Турски тек“, кој треба да го замени напуштениот проект Јужен тек поради блокадата на Европската комисија кој преку Бугарија требаше да го испорачува рускиот природен гас во Европската унија.
Тогаш Ципрас изјави дека Грција е подготвена да учествува во гасоводот кој е планиран да завршува во близина на грчко-турската границата и да го продолжи на својата територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

