Контакт

Европа

Нови НАТО сили за брза интервенција составени од десет илјади војници

Објавено пред

Седум сојузнички земји на НАТО имаат намера да формират нови сили за брза реакција кои би биле составени од најмалку десет илјади војници, во рамки на плновите за зајакнување на одбраната на НАТО наспроти евентуална руска интервенција во Украина, објавува Фајненшл тајмс.

dobivaj vesti na viber

Весникот пишува дека целта е да се формираат заеднички сили со големина на дивизија за брзо распоредување.

 

Овие сили, кои ќе бидат под водство на Британија, би вклучувале и воздухопловни и морнарички единици, како и копнени сили, се вели во текстот на овој медиум.

 

Во формирањето на овие нови сили би биле вклучени Данска, Летонија, Естонија, Литванија, Норвешка и Холандија, а заинтересираност изразила и Канада, пренесува Ројтерс.

 

Се очекува веста за формирањето на овие сили да биде објавена идната недела од страна на британскиот премиер, Дејвид Камерон, што се поклопува со одржувањето на самитот на НАТО во Велс закажан за четврти и петти септември./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Голем штрајк на аеродромите во Германија

Објавено пред

Синдикатот на услужни дејности ги повика денеска вработените на главните германски аеродроми на штрајк со целосно прекинување на редовните летови во Берлин во време на тензични преговори за платите во секторот.

dobivaj vesti na viber

Според германското здружение на аеродроми АДВ, ќе бидат откажани 3.400 лета, што ќе влијае на половина милион патници.

„Ќе има големи ограничувања на полетувања и пристигнувања, можеби вклучувајќи и откажувања летови“, соопшти синдикатот во петокот.

Аеродромот „Берлин/Бранденбург“ во петокот објави дека денеска целосно ќе престане со работа поради штрајк.

Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром, компанијата „Фрапорт“ предупреди дека ниеден патник нема да може да се качи во транзитниот центар, што речиси сигурно ќе влијае на меѓународните летови, објави „Билд“.

Погодени ќе бидат и аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и во Штутгарт.

Штрајкот вклучува речиси 5.000 државни и локални вработени вработени на аеродромите и 23.000 други даватели на услуги за воздушен транспорт, објасни во петокот синдикатот.

Работниците се повикани да ја прекинат работата за време на преговорите за платите и условите за работа, а следната рунда преговори е закажана за средината на март.

Работодавците „сè уште не дадоа понуда во контекст на тековните колективни преговори“ и покажаа „нема подготвеност да одговорат на нашите барања“, објави Верди, кој конкретно бара зголемување на платите за 8 проценти и бенефиции за инвалидност.

Дводневен штрајк го парализира сообраќајот на аеродромот во Минхен кон крајот на февруари.

Од почетокот на годината веќе се одржаа неколку предупредувачки штрајкови во градските собранија, федералните власти, болниците и во јавниот транспорт.

Неделава ќе следуваат и други, на пример, во комуналните услуги во повеќе градови во земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нападната една од најголемите рафинерии во Русија

Објавено пред

Украински сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија „Новокуибишевск“ во руската област Ростов, објави на „Телеграм“ шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува „Укринформ“.

dobivaj vesti na viber

Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.

Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел-гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за продолжување на воените напори против Украина.

Како што претходно објави „Укринформ“, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието „Киришнефтеоргсинтез“ во руската област Ленинград.

Прикажи повеќе...

Европа

„Ројтерс“: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск

Објавено пред

Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.

Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.

Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија4 часа

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија5 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет5 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ7 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија10 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија10 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет11 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа12 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет12 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет13 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија23 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ1 ден

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ1 ден

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....