Европа
Новинар на AFP ранет во бомбардирање на Донецк

Новинар на агенцијата AFP е ранет во неделата во бомбардирањето на украинските сили на Донецк, седиштето на рускојазичните бунтовници на истокот од Украина, каде што силите лојални на прозападните власти во Киев во последното деноноќие загубија еден војник, а повеќе од 20 се ранети.
„Повредено ми е коленото, веројатно од штрапнел од граната“, рекол за својата агенција, 33-годишниот Александер Гајук, Тој бил сместен во населбата во предградие на Донецк, кое од неделата утрото било подложено на силен минофрлачки оган кој доаѓал од позициите недалеку од меѓународниот аеродром кој е во рацете на бунтовниците.
Во Донецк во последните 24 часа, во украинското гранатирање покрај 50 објекти, оштетени се и детска градинка и болница, каде што нема настрадани, но во гранатирањето на населбата во која е ранет новинарот на AFP убиени се двајца и ранети уште девет цивили, пренесуваат агенциите.
Еден украински војник е убиен, а повеќе од дваесет се ранети во текот на викендот, објави во неделата портпаролот на воената операција на украинската војска на побунетиот исток.
„Состојбата е тешка во областа на судирите, бунтовниците сé почесто го кршат примирјето“, изјави украинскиот портпарол на прес-конференцијата одговарајќи на обвинувањата на рускојазичните бунтовници кои тврдат дека во последните три дена украинската војска континуирано бомбардира цивилни населби и дека стотина пати го прекршила примирјето на целата линија на раздвојувањето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“
Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.