Контакт

Европа

ОБСЕ: Делови од тела и натаму на местото на падот, во возот само 200 тела

Објавено пред

 Делови од телата на настраданите во падот на малезискиот патнички авион во источна Украина на 17-ти јули со 298 патници и членови на екипажот и натаму лежат на местото на падот, кое сега никој не го заштитува, а делови од авионот веќе се преместени, објави во вторникот навечер набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), додека шефот на холандските истражители соопшти дека во возот имало само 200 тела а не 282 како што соопштија украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот на Украина, претходно во вторникот објави дека според извештајот на украинското Министерство за вонредни ситуации, биле пронајдени 282 тела и 87 фрагменти коишто им припаѓаат на 16 тела. Шефот на холандскиот форензички тим кој се наоѓа во Украина, Јан Туиндер за The Washington Post изјави дека во возот со посмртните останки на патниците од малезискиот авион имало 200 а не 282 тела, како што објави владата на Украина.„Единственото нешто во што можам да бидам сигурен е дека бројот (на телата) е 200“, изјави Туиндер, додавајќи дека било „комплицирано“ да се пребројат. „Тие ќе бидат најдени. Мораме да ги пронајдеме“, додаде како и дека нему не му е познато местото каде се наоѓаат. „Има посмртни останки кои не се однесени“, изјави за AFP портпаролот на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, Мајкл Бочиурков. „Тоа би можело да ги објасни недоумиците во врска со пронајдените тела. Според украинските власти од Торез (кој е под контрола на проруските бунтовници) во Харков (под контрола на украинските власти) се превезени 282 тела, додека холандските стручњаци изброија само 200 тела“, рече за агенцијата Туиндер. „Потполно сме сигурни дека во возот има 200 тела. Каде се другите? Тоа ќе биде предмет на идните истрага“, којашто ќе бидат спроведени во Холандија, додаде.„Нѐ вџаши тоа што на местото на несреќата не забележавме воопшто некој што собира посмртни останки“, рече Бочјурков. Набљудувачите на ОБСЕ забележале делови од тела на најмалку две места на од големото подрачје на коешто се распрснати остатоците од авионот. Петнаесет набљудувачи на ОБСЕ го обиколија во вторникот местото на несреќата петти ден по ред, но овојпат првпат во придружба на висок претставник на „Malaysia Airlines“ и двајца експерти од малезиската агенција за цивилно воздухопловство.Бочјурков изјави дека забележале промени на местото на несреќата, бидејќи трупот од авионот е преместен, но додал дека од тоа не треба да се носат избрзани заклучоци, бидејќи тоа можеби било сторено во текот на потрагата по телата. Портпаролот на ОБСЕ рекол дека сега, откако се повлекоа припадниците на бунтовниците кои ја контролираат оваа област и го обезбедуваат местото од четвртокот, не е оградено никакво безбедносното подрачје, како и дека било забележано преместување на голем број лични работи на патниците. Малезиските експерти, пак, забележале дека од високата температура при ударот се стопиле алуминиумските крила на авионот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Објавено пред

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.

dobivaj vesti na viber

Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.

Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува  Futurism.

Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.

Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.

Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.

Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.

Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.

„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.

dobivaj vesti na viber

„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.

Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.

Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.

„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.

„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.

„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија59 минути

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 час

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија14 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија15 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија17 часа

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија17 часа

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ18 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија18 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија20 часа

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија21 час

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија21 час

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...

Македонија21 час

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Топ22 часа

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија22 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет24 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет1 ден

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет1 ден

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа1 ден

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...