Европа
Очекувана победа на Единствена Русија на локалните избори
Владејачката руска партија Единствена Русија во неделата очекувано надмоќно победи на локалните е избори во престолнината Москва и во покраините, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот.
Владејачката руска партија Единствена Русија во неделата очекувано надмоќно победи на локалните е избори во престолнината Москва и во покраините, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот.
Партијата Единствена Русија на премиерот Дмитриј Медведев, освои 28 од 45 места во Думата во Москва, каде што инаку е концентриран отпорот против власта, соопшти изборната комисија. Комунистичката партија освои 5 мандати, а патриотската партија Родина (Татковина) и Руската демократска либерална партија (ЛДПР, која се смета за ултранационалистичка и популистичка), по еден. Десет места им припадна ана независните кандидати.
„Сите независни кандидати ја имаа поддршката на Единствена Русија“, изјави аналитичарот Григориј Мелконијанц, заменик претседател на невладината организација за правата на избирачите Голос, истакнувајќи дека „на вистинските кандидати на опозицијата им било оневозможено да учествуваат на изборите“. Го спомена примерот на опозициската новинарка и активистка за човекови права Олга Романова којашто не можеше да се пријави како независен кандидат, откако московската изборна комисија за неважечки прогласи 19 отсто од потписите за нејзината кандидатура.
Во неделата руските гласачи излегоа и на изборите за гувернери на покраините, па така првпат се гласаше и на Крим, црноморскиот полуостров со околу 60 отсто етничко руско население присоединет кон советска Украина во 1950-те кој откако во февруари по безредијата во Киев на власт дојдоа прозападните сили, организираше во март референдум за враќање на автономијата укината по осамостојувањето на Украина во 1990-те и изгласа просоединување кон Руската Федерација. Овој чин Киев и Западот го сметаат за нелегитимен и за руска анексија на украинска територија.
Според првичните резултати, кандидатите на Единствена Русија победиле на изборите за гувернери во 28 од 30 покраина, соопшти државната изборна комисија.
Руската опозиција, која ја има поддршката од западните земји и покрај огромната доверба на рускиот претседател Владимир Путин во испитувањата на јавното мнение, особено по избувнувањето на украинската криза, се жалеше и на овие резултати.
„Кандидатите кои партијата на власт ги оценила опасни не може ада учествуваат на изборите“, оценува весникот Ведомости. Според него, „вистинската конкуренција“ ја оневозможило „преголемиот број потписи кои независните кандидати морале да ги соберат“ кои се движеа од 3 до 10 отсто, во зависност од бројот на избирачите во покраините.
„Како и што се очекуваше, првите избори за гувернери на покраините не изненадуваат. Сегашните гувернери однесоа убедлива победа“, заклучува, пак, дневниот весник Новаја газета./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

